Деловните патувања се вратија назад, но се почудни од кога било претходно

Деловните патувања повторно се дел од професионалниот живот. Две третини од ексклузивните седишта на авионите Ербас на авиопревозникот „Емирати“ од Дубаи се полни. „Секој кој мисли дека бизнисот во иднина ќе се случува на Зум треба да размисли повторно,“ вели Тим Кларк, извршниот директор на авиокомпанијата.

Според неговите предвидувања, бројот на патници ќе го достигне нивото од 2019 година, т.е. 4 билиони, во следните две до три години. Но закрепнувањето ќе биде бавно и напорно. Стапката на инфекции во повеќето градови во САД и Западна Европа значи дека ќе биде потребно време за да се врати деловното патување со авион во овие регион, и најверојатно ќе поминат години пред секторот за состаноци и конференции целосно да закрепне, пишува Џон Алриџ за Wired.

Прашајте ги ултра богатите, кои и онака живеат во позлатен меур. Најважниот настан во нивниот годишен календар, Светскиот економски форум (СЕФ), беше откажан два пати минатата година, еднаш во Давос, а потоа во Луцерн-Биргенсток. Сега тој ќе се одржи во мај годинава во Сингапур.

Чекорот на Светскиот економски форум да се префрли на исток станува еден од најневообичаените борби предизвикани од пандемијата. Трката да се стане „безбедното место“ во светот, односно да се обезбеди сигурна средина безбедна од Ковид-19 за состаноци и конференции е во ек. Има два натпреварувачи: Сингапур и Дубаи.

Сингапур сака да ги подигне строгите социјални правила и репутацијата за технолошка ефикасност на повисоко ниво за да ја добие битката. „Луѓето бараат безбедно место каде можат да долетаат и да се сретнат и ние сме сигурни дека Сингапур ќе биде тоа место,“ вели Чан Чун Синг, министер за трговија и индустрија на Сингапур.

Раното целосно затворање, ригорозните тестирање и воведените системи за следење на заболените во градот држава, што помогнаа вирусот да се стави под контрола, за брзо време беше искушение за СЕФ да се одржува во Лавовскиот град. Фактот дека Singapore Airlines често пати се смета за најдобриот авиопревозник во светот и хипер-ефикасниот аеродром што често пати е прогласуван за најдобриот авион на планетава, помогна во постигнувањето договор.

Но Сингапур има конкуренција од уште една мала град држава, со сопствена авиокомпанија и аеродром, строги општествени контроли, добри меѓународни болници и солидни плажи: Дубаи. За да го поттикне деловното патување, директорот на „Емиратите“, Кларк, нуди патничко осигурување, вклучувајќи и покривање на трошоците поврзани со Ковид, додека пак Пол Грифитс, кој претходно беше директор на лондонскиот аеродром Гетвик а сега менаџира со Меѓународниот аеродром во Дубаи нуди бесплатни тестови за Ковид-19 на сите патници кои пристигнуваат во државата.

Владините министри посочуваат дека благодарение на младата популација на градот држава, строгите правила за одржување социјална дистанца и носењето маски, како и животниот стил што подразбира активности надвор, придонеле стапката на инфицираност со Ковид-19 да остане ниска. Обединетите арапски емирати бележат помалку од 1000 мртви случаи, на популација од 9,5 милиони жители. Брзото давање вакцини (втора земја во светот по Израел) значи дека речиси сите жители, вклучително и миграциските работници, ќе бидат вакцинирани до крајот на оваа година, велат министрите.

И Сингапур и Дубаи им нудат на деловните патници можност да користат тестирање за да го заменат периодот што е потребен да бидат во карантин, што е огромна причина зошто деловните патувања беа откажувани. Тие што патуваат поради бизнис немаат време да седат во хотелска соба со денови.

За да ги тестирам азискиот и блискоисточниот модел на безбедно патување, го посетив Сингапур во ноември и имав интервју со министерот Чен. Исто така присуствував на првата голема конференција во Азија од март минатата година – TravelRevive. Околу 1000 претставници се сретнаа на определената социјална дистанца за да ја дискутираат иднината на патувањата. Потоа, на почетокот на овој месец бев во Дубаи и ги интервјуирав Кларк и Грифитс.

За да ја искористам ново воведената „пропусница за безбедно патување“ во Сингапур, морав да имам негативен пи-си-ар тест, два или три дена пред да го напуштам Лондон, и уште еден негативен тест кога пристигнав во Чанги (сингапурскиот аеродром), каде тукушто се заврши изградбата на лабораторија каде можат да се процесираат 10000 тестови на ден. Британските тестови се скапи – околу 150 фунти, и неудобни.

Пред да заминам, исто така морав да пополнам формулари за моето пристигнување онлајн, бидејќи хартиените формулари се заменети со оналјн варијанти за целосно да се избегне допирање на аеродромот. Летав со Ербас А350 на Singapore Airlines и кога се симнав од авионот, симнав мобилна апликација за следење за да можат да добијам дозвола за влез во која било јавна зграда или транспортен центар, како и да добијам предупредување ако сум бил близу до некој кој има позитивен тест.

Од аеродромот до мојот хотел патував со автобус, и таму морав да останам во мојата соба додека да го добијам резултатот од тестот. И го добив – пет саати откако слетав добив меил со известување дека тестот ми е негативен и бев слободен да излезам во градот и да ги користам такси возилата, безбедни од Ковид, за да се сретнам со луѓето со кои требаше во ресторани и хотели кои исто така беа безбедни од Ковид. Морав да имам тест за антигени што се прави со брис од нос секое сабајле додека траеше конференцијата.

Секој што престојува повеќе од неколку дена може да има трет пи-си-ар тест, една недела по пристигнувањето, кој доколку е негативен, ви обезбедува слобода да одите каде сакате во земјата. И овој систем функционира. Бев негативен во текот на целото мое патување и пет дена по моето враќање во Лондон.

Кога станува збор за пристигнување и одење од таму, Дубаи има предност во самиот почеток над Сингапур. Не само што се наоѓа во поблиска временска зона за поголемиот дел деловни патници, туку „Емиратите“ се едни од малкуте авиопревозници кои се` уште летаат со А380 супер џамбо млазни авиони. Кларк е посветен на реновирањето и повторното воведување на сите 117 вакви авиони во флотата на неговата авиокомпанија на сите главни рути, по цена од 500 милиони долари. Singapore Airlines лета со помали авиони и ја смали флотата на А380 на една третина, и сега има само 12 млазни авиони. Самата големина на овие супер џамбо млазни авиони го прави социјалното дистанцирање за време на летот многу полесно. А ако седите на навистина големите седишта, можете и да се истуширате.

Дубајскиот аеродром има и подобра технологија од Сингапур. Веќе со години не се користи хартија и секој со електронски пасош може да се регистрира при пристигнувањето и да користи бесконтактни електронски порти. На аеродромот се користи препознавање на ирисот на окото и на лицето за да се направи влезот во деловните делови и просториите наменети за прва класа бесконтактен. „Емиратите“ се исто така пионери, заедно со Асоцијацијата за меѓународен воздушен транспорт, во воведувањето на мобилен „дигитален пасош“, за да се проверат тестовите за присуство на Ковид-19 на патниците и вакционалниот статус пред почетокот на патувањето, за да се пресретнат барањата за влез во секоја дестинација.

Пи-си-ар тестовите на аеродромот во Дубаи се прават во делот позади сигурносните проверки и царинските и пасошките контроли, за разлика од Сингапур. Се чувствувате побезбедно кога ќе завршите со таа процедура пред да ги поминете контролите и да ги побарате багажот. Дубаи е порелаксиран кога станува збор за карантин. Нема потреба од само-изолација откако ќе слетате додека не го добиете резултатот од тестот. Веднаш отидов на работа, се среќавав со лица надвор на безбедна дистанца додека не пристигнаа негативните резултати од мојот тест. Сепак морав да правам тестови секој ден за време на мојот престој.

Хотелите во Дубаи можат да им парираат на тие во Сингапур. Уште повеќе, бидејќи речиси никогаш не врне и е топло но не е влажно од октомври до мај, настани и состаноци можат да се одржуваат надвор, што пак е многу безбедна варијанта за сите, и за гостите и за персоналот.

Кога станува збор за заминување, Дубаи е пак во предност бидејќи патниците кои патуваат во деловна класа имаат речиси приватно, социјално оддалечено искуство од моментот на пристигнување во кола со шофер, до чекирањето, до качувањето во авион. Деловните патници директно се качуваат на горниот кат на А380 од собите што самите се едно ниво погоре од главниот простор на аеродромот.

Но во Сингапур режимот за тестирање е построг, па така, ако ваш прв приоритет е безбедноста од Ковид, тогаш Лавовскиот град е вистинскиот избор за вас, и токму затоа е одбран за место каде ќе се одржува СЕФ. Доколку се чувствувате удобно со малку помалку ригорозни правила за тестирање, ја обожавате идејата за конференција на отворено, што е случај со голем број патници кои имаат слабост за А380, тогаш тргнете кон покриената чаршија. Во двата случаи, имајте безбедно патување.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -