Можеме да ѝ помогнеме на планетата додека седиме дома

Сега, кога сите имаме време на претек, ајде да застанаме и да размислиме какво влијание има нашиот домашен живот на околината, пишува порталот changeincorporated.com.

Поврзано:

Ова е најверојатно најдолгото време што кој било од нас го поминал во затворен простор. Сите се соочуваме со слични чувства и ситуации. По некое време, домот почнува да менува форма, ѕидовите почнуваат да се брануваат, а имаме чувство дека ако се потрпреме на некоја површина ќе се претопиме во неа. Кујната сè повеќе и повеќе наликува на сет за снимање „сапуница“. Толку многу време поминувате во неа што почнува да наликува на работното место, на вистинска работа, на конструкција. Сепак, ова значи дека можеме да почнеме да пиеме околу 4ч попладне, и не мора да ги среќаваме колегите од работа кои ни се антипатични, освен на Zoom.

Пред пандемијата на коронавирус, домот претставуваше место каде едноставно се онесвестувавме откако ќе помине стандардниот, динамичен работен ден во овој модерен, брз  свет. Претходно, домот не беше место каде треба да се пристигне и размисли што треба да се прави во него, туку едноставно, некако несвесно го правевме тоа што сметавме дека треба… Не размислувавме за ѓубрето, или водата. Единственото нешто на што размислувавме дома е стомакот и креветот.

Ова затворање по дома е одлично време не само да провериме на кои зачини на полицата во кујната им поминал рокот, туку и да ги преиспитаме сопствените навики. Што е право, ова време можеме да го искористиме за да ја претвориме нашата куќа во нешто близу до „еко-утопија“.

планетата земја

Во прилог се неколку совети што можете да направите за да го направите вашиот дом еколошка оаза.

Месо

Кога станува збор за месото, тоа е, како што најверојатно  сите знаеме, зло по однос на планетата. И во однос на пасиштата, и во однос на емисиите на јаглерод, прозводството на место има лоши последици во целиот индустриски процс. Но, по долг ден поминат во канцеларија, никој и ништо не може да нè одврати од нашето омилено месно јадење. Но бидејќи во моментов ни е препорачано да излегуваме од дома само за да можеме да ги пазариме основните намирници, или тајно да џогираме, можеби е добра идеја да разгледаме и приготвиме некои вегетаријански рецепти? Ова можеби звучи досадно, но ако откриеме нов начин на нивна подготовка, и ја примениме истата,  тогаш најверојатно ќе бидат прилично вкусни.

планетата земја

Рециклирање

Сигурно оние кои се веќе еколошки освестени прават одредени напори да рециклираат, до одреден степен. Но со целото ова новооктирено време, можеме да дознаме пвоеќе детали за процесот на рециклирање и влијанието врз животната средина. Можеме да го направиме следново: да ги измиеме ги сите конзерви што ни се наоѓаат дома, и да ги разделиме пластичните предмети од стаклените и хартиените. Можеби нема потреба да го фрлиме сето тоа – можат да се искористат како саксии за цвеќе или за некаков си домашен уметнички проект. Можеме дури и да направиме целата куќа да изгледа како градинка. Само-изолацијата е одлично време за пролетно чистење, а сигурно повеќето од нас се соочуват со повеќе алишта отколку што ни се потребни. Немора да се фрлаат, можат да се искористат повторно за еден тон различни работи – можат да завршат како донација во Црвен Крст, кај децата без родители, или пак можат да бидат претворат во крпи, торби за пазарње, итн…

Ѓубриво

Погорекажаното не значи дека треба да целосно да го претвориме нашето живеалиште во органска фарма, но имајте на ум дека органското ѓубриво е во мода. Некоја кутија која и онака ќе завршеше во отпад  – можеби кутијата од онлајн нарачките – можеме да ја наполниме со кал, или органски отпад, и сè што треба да направиме е да оставиме ѓубривото само да се создаде. Може да се засади сè што ни е по волја, па дури може да се направи и мини градина со корисни зачини и лекобни тревки. Ако пак сте доволно среќни да имате градина, сигурно ќе сакате таа да изгледа што поубава како што се приближува летото 2020та, бидејќи тоа ќе биде местото каде најверојатно ќе поминувате најголем дел од времето.

Енергија

Ако ве влечат историски рекреации, тогаш можете да рекреирате некоја пандемија од минатото. На пример, можеме да го рекреираме времето на шпанскиот грип од 1918 година: да го намелиме користењето на електрична енергија така што домот ќе го осветлиме со свеќи, алиштата  да ги переме со ладна вода и да ги сушиме на жица наместо во машина. А ако веќе времето во нашиот крај се стоплува, тогаш навистина можеме да престанеме да го вклучуваме еркондишнот.

планетата земја

Вода

Сигурно голем број луѓе уживаат во долги тушеви додека зјапаат во плочките на ѕидот и размислуваат за егзистенцијалистички прашања, но време е да се преиспита оваа навика. Трошењето вода загадува многу различни делови од нашата животна средина, така што време е да размислиме да го скратиме времето поминато под туш. Исто така, вредно е да се запомни да не ја оставаме чешмата да тече додека си ги четкаме забите.

Можеби ова не е најопуштеното време за размислување за животната средина, но од друга страна, ова е можеби и најефикасното време за вакви размисли и менување на навиките. Навистина имаме можност да го размислиме и преосмислиме нашето еколошко однесување додека сме во само-изолација, и можеби ќе откриеме дека несвесно сме правеле работи за кои воопшто немало потреба. Затоа, можеби ова е вистинското време да се освестиме и конечно да поченем е да бидеме еколошко одговорни.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -