Данскиот пристап може да му помогне на светот да избегне уште една „Голема депресија“

Додека во САД, Белата куќа и законодавците се препираат за условите содржани во пакетот итни мерки за економска стабилизација, Данска отиде далеку, многу далеку, во напорите да ги победи до сега невидените предизвици што се последица на коронавирусот, Атлантик пишува.

Поврзано:

Оваа недела, данската влада им кажа на приватните компании што се погодени од ефектите на пандемијата деќа ќе покрие 75% од платите на нивните вработени за да избегне масовно губење на работни места. Овој план најверојатно изискува владата да потроши дури 13 отсто од националната економија за три месеци. Тоа, отприлика соодветствува на 2.5 трилиони долари стимул во САД, потрошени во време од 13 недели.

Некои можеби ќе го оквалификуваат ваквиот одговор како катастрофално и погубно претерано реагирање. Можеби за Данска тоа е токму таков чекор. Но сега Америка е во многу ранлив момент во нејзината историја. САД се соочени со најостриот економски пад во последниот век, како и статистички податоци кои во еден момент изгледаат невозможно песимистични, а часови подоцна делуваат позитивно оптимистични. За неколку недели, дури и денови, агресивниот одговор на Данска може да стане основа за тоа како светот може да ја одбегне втората „Голема депресија“.

глобална економија

За да дознае повеќе за планот на Данска и чекорите што водат до спас на економијата, Дерек Томпсон кој работи за Атлантик, стапи во контакт со Флемин Ларсен, професор во Центарот за истражување на пазарот на трудот, при данскиот универзитетот „Алборг“. Во прилог е интервјуто.

Радикални мерки за спас на економијата

ДТ: може ли најпрво да споделиш што се случува во Данска на терен? На што личат улиците?

ФЛ: Данска скоро целосно ги затвори универзитетите, училиштата, јавните институции, рестораните, музеите, кино салите. Луѓето не сметаат да се собираат во групи поголеми од 10 лица. Границите се исто така затворени.

Т: Владата на Данска најави многу агресивен план за да им помогне на работниците во следните неколку месеци. Кажи ми што ќе се направи.

Л: Владата на Данска се сложи да ги покрие трошоците за платите на вработените во приватните компании доколку тие компании не отпуштаат луѓе. Ако компанија објави дека или треба да избрка 30 отсто од нејзините работници или да отпушти 50 лица, државата се согласи да покрие 75 отсто од платите на работниците, во висина до 3,288 долари месечно. (Ова би го зачувало приходот на сите вработени кои заработуваат до 52,400 долари годишно.)

Филозофијата тука е дека владата сака компаниите да го зачуваат нивниот однос со вработените. Ќе биде потешко да се постигне силно закрепнување ако компаниите мораат да поминат време во повторно вработување на работниците кои биле отпуштени. Планот ќе трае три месеци, по кое време се надеваат дека работите ќе се вратат во нормала.

Т: Значи владата се нуди да ја плати сметката за работниците чие вработување е под закана што се должи на намалената работа. Нели можат компаниите лесно да ја измамат владата и да ги земат парите во секој случај?

глобална економија

75% од плата за седење дома и „замрзната“ економија

Л: Можеби, но на работниците кои ќе добиваат надомест не им е е дозволено да работат во тој период. Работниците кои остануваат во компанијата не добиваат 75% компензација.

Т: Некои американски компании велат дека САД треба да го ископира планот на Германија за поделба на работата, во кој саатите на работниците се намалени и владата покрива дел од платите на работниците. Дали и планот на Данска е таков?

Л: Не баш. Во германскиот план, владата и работодавачот ги делат трошоците за плаќање за работа. Тука, владата ги плаќа компаниите за вработени кои одат дома или не работат. Овие работници добиваат плата а не прават ништо. Владата вели: многу луѓе одеднаш се најдоа во опасност да бидат отпуштени. Но ако се соочиме со напливи на отпуштања, ќе ни биде многу тешко да се адаптираме подоцна. На овој начин, компанијата ја одржува нејзината работна сила во време на криза и луѓето ги задржуваат нивните плати. Ги компензираме луѓето иако треба да одат дома.

Т: Мислам дека те разбирам, и ќе се обидам да направам резиме, но кажи ми ако грешам: Данска ја става економијата во замрзнувач на три месеци. Ти кажуваш: знаеме дека сите овие луѓе нема да можат да работат во следните неколку месеци. Неизбежно е. Наместо да се соочувате со напливи отпуштања, па потоа напливи на регрутации што ќе го одложи закрепнувањето, ајде да ја ставиме целата економија во „длабоко“, и кога вирусот ќе се стиши можеме да ја извадиме надвор и скоро сите луѓе сё уште ќе бидат во компаниите во кои работеле во јануари.

глобална економија

Л: Токму така е. Ја замрзнуваме економијата. Бидејќи во спротивен случај, владата се плаши од долгорочната штета што ќе го зафати целиот систем. Надежта е дека ова ќе заврши за три или четири месеци, и дека потоа ќе можеме повторно да го активираме нашето општество.

Владата им помага на сите сектори за време на општото „замрзнување“

Т: Што друго предлага данската влада?

Л: Има неколку работи. За да го спречи укинувањето на финансискиот сектор, државата ќе гарантира 70% од новите заеми на банките кон компаниите. Ова ќе поттикне повеќе заеми дури и во случаја на повеќе банкроти.

Исто така, луѓето кои имаат бенефиции бидејќи се на листите на невработени се на пауза. Типично, луѓето треба да одат на состаноци во центри за вработување и да направат одреден број апликации за работа за да добиваат надоместоци за невработени. Има многу правила. Но тие правила за сега се суспендирани. Нема барања. Другиот дел од паузата е дека, во Данска можеш да добиваш надоместок за невработен само две години, па сега луѓето кои го надминуваат тој праг сепак ќе добиваат надоместок. Повторно, замрзнуваме сe.

глобална економија

Исто така, државата се согласи да ги компензира компаниите во делот на нивните фиксни тришоци, како кирија, или договорни обврски, во зависност од нивното ниво на губиток на приход. Ако тие типично продаваат 1 милион долари во даден период, но сега тие можат да продадат само 100,000 долари, тие губат 90 отсто од нивниот приход. Тоа ги квалификува да добијат голема владина помош за да ги покријат фиксните трошоци.

Понатаму, пролетното подмирување на даноци од страна на компаниите е одложено до есен и сите јавни вработени ќе ја задржат платата додека се дома.

„Замрзнувањето“ чини скапо

Т: Ова звучи неверојатно храбро и неверојатно скапо. Кои се очекувањата на владата за тоа колку ќе чини сево ова?

Л: Ова чини 287 милијарди дански круни. (Пресметавме дека ова е еквивалентно на отприлика 13 проценти од БДП на земјата. Во САД ова би било околу 2,5 трилиони долари).

Т: Како може овој одговор на Данска да се спореди со одговорот на финансиската криза во  2008 год?

глобална економија

Л: Тогаш немаше ама баш ништо во волкави размери. Немаше големо трошење. Владата беше загрижена за јавниот долг. Имаше огромна, долга дебата за тоа дали Данска воопшто треба да потроши многу пари. А Данска имаше еден од највисоките скокови во невработеноста за време на последната криза.

Но денес, данската економија е исклучително силна. Имаме огромни вишоци. Имаме негативна каматна стапка. Има многу јавни заштеди. Оттука, има многу простор да се направи ова сега. Исто така, политичката средина се смени. Се обидовме да направиме повисоки инвестиции во трошоците за социјална заштита во последните неколку години.

Успехот на Данска се должи на моделот на соработка

Т: Звучи како пред 10 години, имало дебата за стимули. Но денес, сите се сложуваат дека едноставно мора да се спаси економијата.

Л: Да. Тие само сакаат да ја спасат економијата. Филозофијата е, ако не го направиме тоа сега, ќе биде многу поскапо да ја спасуваме економијата подоцна. Видовме што може вирусот да направи во Италија, Шпанија. Така што мислам дека луѓето се многу загрижени. Се соочуваме со огромна, огромна криза.

Т: Морам да признаам дека е прилично шокантно да чуеш како една земја се согласува во рок од неколку дена да направи нешто волку големо. Вашата влада може да потроши повеќе од 10 проценти од вашиот БДП пред Јули. Во меѓувреме, во САД, сё уште се дебатира големината на чековите што владата ќе ги потпише кои пак граѓаните можно е да не ги добијат со месеци. Постои длабока разлика и во брзината и во големината на владиниот одговор.

Л: Морам да кажам дека процесот на носење одлуки во Данска е многу исклучителен. Имаме 10 партии во парламентот. Од радикалната левица, до прилично, прилично екстремна десница. И сите се согласуваат. Има скоро 100 отсто консензус во врска со ова. И тоа е навистина за восхит. Луѓето се убедени дека е мудро да се направи ова сега.

Голем број од политиките се направени со трипартитни договори помеѓу синдикатите, асоцијациите на работодавци, и државата. Тие го регулираат пазарот на трудот генерално преку нивните колективни договори. За да се овозможи сево ова, потребни е синдикатите и асоцијациите на работодавци да бидат дел од тие договори. Тоа е многу тешко. Но тие брзо успеаја во тоа. За неколку дена, ова беше потпишан договор.

Т: Дали мислите дека е ова добра идеја?

Л: Не знам. Никој не знае со сигурност. Ова е непозната територија. Мислам дека е добар обид. Ако ги уништиш приватните животи на луѓето и компаниите банкротираат, ќе бидат потребни години за да се изградат повторно. Затоа мислам дека е мудра одлука. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Како да бидете лидер кој вработените го почитуваат

Само што сте го вработиле совршениот работник. Неговата или нејзината целокупна деловна моќ е голема колку и неговото или нејзиното функционално знаење....
- Advertisment -