Дали треба да започнете мал бизнис во вашите педесетти?

Точното време, вели Боб Патон, е клучно за жнеење зеленчукови култури. Но, кога станува збор за лично искоренување од корпоративниот живот и наоѓање професионален пат преку самовработување, не секогаш можете да го бирате моментот, пишува Крис Тиге за Financial Times.

Градинарство била негова животна амбиција. Но, дури откако се пензионирал од децениската кариера во менаџментот во компанија од областа на информатичката технологија, точно 11 дена пред неговиот шеесетти роденден таа амбиција се остварила.

Сепак, тој ја искористил шансата. „Седа коса и никаква коса е иднината,“ вели тој.

Тој сега ја раководи компанијата Хексамшир Органикс заедно со неговата жена, Ен. Тие растат и продаваат зеленчук, овошје, јајца и свинско месо произведени на шест хектари земја во Нортумберланд, и тоа е физички изискателна работа. Тој успева да заработи само дел од претходниот приход, но е заљубен во работата за која чувствува огромна страст. „Толку сме среќни што го имаме овој живот“.

Како што пандемијата со Ковид-19 предизвикува ограничувања и технолошки вишок, луѓето кои се постари од 50 години треба одново да ги евалуираат нивните можности за нова работа.

Самовработувањето е честа појава кај лицата постари од 50 години

Анализите на официјалните податоци од Рест Лес (Rest Less), вебсајт наменет за лица постари од 50, каде можат да бараат работни места и да стапат во контакт со заедницата, покажува дека до средината на 2020 година, бројот на луѓе постари од 50 години кои барале универзални кредитни бенефити пораснал за 93% во последните шест месеци, до речиси 600 000 луѓе. Анализата на оваа компанија исто така покажува дека технолошкиот вишок кај лицата постари од 60 години нагло се покачил во 2020 год.

За голем број постари работници, многу од кои се среќаваат со тешкотии да најдат повторно вработување, самовработувањето изгледа привлечно. Податоците од Националната канцеларија за статистика покажуваат дека од 4,97 милиони самовработени луѓе во Велика Британија во 2019 год, речиси една третина – 1,58 милиони луѓе, се постари од 55 години, а околу 45% од сите се постари од 50 години.

Сепак, самовработувањето покрива огромен спектар. Некои нови претприемачи се професионалци кои од вработување преминуваат кон обезбедување консултантски услуги, и отворено го прифаќаат трендот на работа од дома.

За други, како што е 56-годишната кат Вин од Валсенд, личните околности се поттикот. Порано таа работела како лице кое обезбедува нега, но сега таа треба да е дома бидејќи еден член од нејзиното семејство пати од проблеми поврзани со менталното здравје. Таа во моментов работи на основање занаетчиски бизнис – Самерхаус Гифтс (Summerhouse Gifts) и се надева дека ќе може да заработи помеѓу 5 и 10 илјади фунти годишно. „Тоа би било одлично,“ вели таа.

Потоа, тука се тие како Патон, кој сега има 64 години, и го сфаќа самовработувањето како целосна втора кариера. „Морате да бидете навистина посветени,“ вели тој. „Ние се водиме од нашата желба да го направиме бизнисот успешен“.

Според него, возраста носи голема корист, вклучувајќи го фактот на поседување повеќе пари за инвестиција за основање сопствена фирма. Дополнително: „Кога стареете имате повеќе деловна остроумност. Луѓето имаат огромно знаење и искуство“.

Стујарт Луис, основач на Рест Лес, се согласува. Тој вели дека животното искуство може да развие вештини како трпение, отпорност и емпатија како и практично деловно знаење. „Латералното размислување, кога се комбинира со логично рационализирање и добро изострени човечки вештини може навистина да разликува постар претприемач,“ вели тој.

Бизнисот не запира со пензионирањето

Патон признава дека ја нема истата физичка сила како кога имал 40 и кусур години. „Ен вели дека треба да забавам малку,“ признава тој. Но позитивната страна е неговата експертиза во планирање на деловните активности: „Утре планирајте го денес, следниот месец овој месец; следната година, оваа година“.

Како син на рудар од Ашингтон во Нортумберланд, тој го напуштил училиштето кога имал 15 години и немал никакви квалификации. Единствениот есеј што го напишал во училиште на кој се сеќава бил за одгледување зеленчуци. Бидејќи татко му бил одлучен дека младиот Боби нема да се симнува во окното, тој се приклучил на државната администрација, продолжил со компјутерско програмирање, се стекнал со диплома, и на крај станал директор во технолошката консултантска фирма Акцентур за североисточна Англија. Во текот на кариерата го проширил неговиот сектор на 650 вработени.

Тој верува дека способноста и ставот се клучни за професионалниот живот. Неговата намера е, „без никаков сомнеж“ да продолжи да работи со сопствената компанија и во неговите 70-ти години, а се надева и потоа.

Корените на деловниот живот сега лежат во неговото животно хоби да се бави со градинарство и во фактот што ја запознал Ен во неговите четириесетти. Пред една деценија парот ја купил руралната куќа каде живеат денес, заедно со 6 хектари земја. Прво посадиле овоштарник и добиле статус за органско производство преку Асоцијацијата за почви. Неговата жена го продала нејзиниот бизнис со деликатесни производи во Њукасл, и една година пред Патон да се пензионира во јули 2016 год, бизнисот почнал да функционира.

Сега имаат дузина стакленици, свињи со педигре, кокошки и патки. Испорачуваат редовни пакети со овошје и зеленчук на редовни муштерии во Нортумберланд и регионот каде побарувачката за време на целосните затворања се удвои. Како што олабавуваат мерките, тие ќе почнат пак да вршат достава до два ресторани и ќе одржуваат тезга на уличен пазар.

Но хортикултурата е навистина тешка работа. Заедно со нивните двајца работници на половина работно време, оваа година тие ќе посеат околу 50 000 семиња, и потоа ќе ги пресадат садниците. Модри патлиџани, цвекло, зелка, благи пиперки, целер, марула, црвен кромид, магдонос и спанаќ се некои од нивните неодамна засадени култури. Точното време и количините се прецизни; сега тие сеат 1 920 целерјак.

Прометот во април 2021/2 се проектира на 150 000 фунти, со 50 000 фунти чиста заработувачка. Ова е третина од претходната плата на Патон, но нему тоа не му пречи. „Уживањето и задоволството не се мерат“. Во споредба со нејзиниот претходен бизнис, Ен вели дека овој е „поголема авантура. Не` прави многу горди“. Исто како и нејзиниот сопруг, и таа очекува долги години самовработување во иднина. „Се` додека можеме, ќе го правиме ова“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -