Дали постои реална потреба во Македонија од делење заеднички работен простор?

Некои бизнис експерти велат дека и покрај тоа што само-изолацијата и рестриктивните мерки ги одвратија луѓето од работа во канцеларија, каде просторот заеднички се дели со целиот работен колектив, и ги натераа да се навикнат да работат од дома, сепак сопствениците на новоосновани компании, микро и мали бизниси, стартапџиите и другите видови самостојни претприемачи имаат потреба од припадност кон заедницата од нивната индустрија. Ова значи дека потреба од споделување искуства, знаења и пред се`, креативни и иновативни идеи, сега, повеќе од никогаш досега, ќе биде важна во поглед на надминување на глобалната економска криза и справување со предизвиците што таа ги носи.

Вмрежувањето од секогаш било важно во насока на започнување сопствен бизнис и овозможување брз раст и развој на вашата компанија, а во денешно време, вмрежувањето ќе биде уште поголем императив затоа што само со заедничка работа можат да се надминат сегашните предизвици.

Во насока на разбирање на потребите на претприемачите и идните претприемачи, правиме истражување кое ќе помогне за подобрување на понудата на претприемачкиот екосистем.

Би ги замолиле нашите читатели да го пополнат прашалникот, а секој ваш коментар, критика и забелешка се добредојдени, бидејќи со тоа давате поддршка на развојот на претприемништвото.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -