Дали интуицијата е дел од бизнисот?

Има ли простор за интуиција во бизнисот? Да, дефинитивно да. Но, пред неколку децении, д-р Иван Миснер, авторот на бестселер книги според Њујорк Тајмс, и ко-автор на прочуената „Вмрежување за професионалци“, како и основач и извршен директор за визијата на БНИ, најголемата маркетинг агенција во светот која работи во областа на вмрежувањето и обезбедување препораки, сметал поинаку, пишува тој за Entrepreneur.

Со текот на годините, д-р Миснер го сменил мислењето и верува дека интуицијата може да биде уште една алатка за успешно водење бизнис.

Стекнато и научено искуство

Дефиницијата за интуицијата вели: „директна перцепција на вистината или фактите, независно од каков било процес на размислување; тоа е непосредно разбирање или точен и брз увид во нешто.“

Пред многу години, д-р Миснер прочитал книга која зборувала за „интуити“, луѓе во општеството кои ги разбирале работите инстинктивно. Се сметало дека интуитите имале неверојатна способност да поседуваат непосредно разбирање за некоја ситуација. Но вистината во приказната била дека интуитите ја развиле вештината брзо да собираат факти, да анализираат податоци и да ги предвидуваат веројатностите врз основа на нивото поле на експертиза.

Да, книгата била од областа на научната фантастика но имала поента која навистина го погодила д-р Миснер. Книгата упатувала на сознанието што се поклопува со погореспоменатите дефиниции за интуицијата. Според книгата, интуитите тренирале со години во многу специфични полиња, и кај нив не станувало збор за инстинктивно разбирање на проблемот, туку за брзо користење на разумот со оглед на нивното опсежно разбирање на одредени прашања. Во реалниот свет, токму со тоа се бави предиктивната аналитики со помош на компјутери.

Инстинсктот доаѓа со годините

Откако д-р Миснер размислувал за сопственото мислење по однос на инстинктите, тој забележал дека стекнал повеќе искуство во сопственото поле на професионален интерес, и забележал дека подобро и побрзо проценува одредени проблеми, и дека има „инстинктивно чувство“ во поглед на насоката во која требал да се движи. Она што тој претпоставувал дека е инстинкт, барем делумно, е брзата проценка на одредена ситуација со оглед на продаблоченото знаење на одредена тема.

Она што луѓето веруваат дека е „инстинкт“ во суштина може да биде продлабочено знаење кое брзо се применува. Во суштина, некој неодамна му оставил порака на д-р Миснер во врска со одреден предизвик со кој се соочувал. Д-р Минсер му дал неколку совети и го дискутирале решението на проблемот преку емаил. Лицето одговорило дека д-р Миснер точно го проценил конкретниот проблем и го донело следниот заклучок: „твојот внатрешен инстинкт е одличен!“. За волја на вистината, делумно станува збор за интуиција но во принцип, точната проценка се должи на години и години гледање слични ситуации, брзо оценување на проблемот и понуда на решение. Во неговата прилично тесна област, д-р Миснер делувал како интуит.

Користа од применетата интуиција

Како што стекнувал повеќе искуство, д-р Миснер научил да ја следи сопствената интуиција повеќе и повеќе. Тој ги уверува читателите дека интуицијата не е непогрешлива, но дека повеќе не ја зема „здраво за готово“. Тој го слуша внатрешното чувство многу повеќе денес отколку во неговите 20ти или 30ти.

Зарем сите ние не сме се нашле во ситуации во кои сме имале чувство дека треба да направиме нешто но не сме го сториле тоа? Кога тоа создава проблем, се навраќаме на таа ситуација и јасно гледаме зошто сме требале да ја послушаме сопствената интуиција.

Нашата интуиција, барем во еден дел, е најверојатно поврзана со искуствата што сме ги имале и она што го правиме е брзо процесирање на толкување на ситуација врз основа на тие искуства. Од друга страна, претпоставувам дека би можело да биде засилена „екстра сензорна перцепција“, но д-р Миснер сепак верува дека станува збор за стекнато и применето искуство.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -