Грешки што претприемачите ги прават при скалирање на својот бизнис

Откако сте посветиле долго време на подготовка на бизнис идејата во вашите канцеларии, подготвени сте вашиот претприемачки сон да го пласирате на пазарот.

Поврзано:

Но, по декада на менторирање, правење стратегии и планирање, Елизабет Хартке забележила дека иако визијата е реална, многу ретко успехот на истата се реализира. „Доколку немате добра стратегија, претприемништвото може да ви одземе голем дел од вашата слобода, време и пари, поради 5 грешки што често се прават,“ нагласува Хартке.

Еве кои 5 грешки ве спречуваат да постигнете ефективно скалирање.

1. Не го истражувате пазарот

Никогаш не креирајте понуда во вакуум. Треба да знаете со кого разговарате, нивните болни точки, стравови и желби и потоа создадете нешто што може да биде решение на нивниот проблем. Ова е основно познавање за тоа што треба да донесете на пазарот,“ вели Хартке. „Истражувањето на пазарот е еден од клучевите за да знаете кој проблем го решавате, а ако не решавате проблем, нема да бидете долго време во бизнисот. Направете анкета на вашата публика, јавете им се на вашите сегашни клиенти и прашајте ги што им треба, а потоа ангажирајте се со вашите идеи за да дознаете како би им биле од најголема корист. Иако таа визија за вашиот живот е за вас, бизнисот што го водите е за НИВ.“

претприемачи

 2. Страв ви е да продавате

„Постои голема стигма во врска со „продажбата“ и скоро секој претприемач, на некој начин или форма помислува како да продава а да не се наметува премногу. Разбирливо е, бидејќи никој не сака да биде перцепиран како лигав продавач кој бара начин да го искористи секој кој има пулс и кредитна картичка. Но кога развивате понуди или производи што всушност решаваат проблеми, тогаш во принцип имате морална обврска да продавата,“ потенцира Хартке. 

Во регионот на продажба има голем песимизам, и скоро секој претприемач се прашува како да продава а да не се наметува премногу. „Затоа е важно да имате продукт кој решава проблем и со тоа половина од продажбата ја прави самото решение, на вас останува само добро да го презентирате.“ вели Хартке.

Раскажете приказна за вашиот производ, поврзете се со вашиот клиент на полично ниво преку вашата приказна, нешто во кое тие можат да се пронајдат. Користењето на лични сведоштва или вашето лично искуство е моќна продажна алатка.

претприемачи

3.  Го заменувате времето за пари

„Многу голем број претприемачи користат формула за успех која не е функционална: ВРЕМЕ + НАПОРНА РАБОТА = СЛОБОДА. Оваа математика не е правилна. Доколку вашиот бизнис заработува само кога вие активно работите, тогаш тоа ќе ви одземе многу време и слобода,“ советува Хартке. „ Гледам голем број услужни професии како лични тренери, адвокати, масери, бизнис тренери, консултанти, фриленсери. Размислете како можете да го искористите вашето знаење, експертиза и страст за да изградите канали кои ќе ви донесат приливи на средства во бизнисот и преку пасивни и преку нови приливи на приход,“ продолжува таа. 

Онлјан курсеви, сајтови со членство, настани, електронски книги, физички производи, вебинари и слични дигитални производи се неверојатни начини преку кои ќе можете да заработувате пари и да си легнете на време.

4. Немате листа со емаил контакти

Доколку се разбудите утре и вашите социјални мрежи како Фејсбук, Инстаграм, ЛинкедИн не работат, на кој начин ќе контактирате со вашите клиенти? За ваква појава да нема негативно влијание на вашиот бизнис, потребно е да создадете мејлинг листа со вашите сегашни и можни клиенти.

„Социјалните медиуми се позајмена територија, но креираната меилинг листа е нешто што вие ќе го поседувате. Искористете ги социјалните медиуми како алатка за да ги привлечете клиентите да сакаат да бидат дел од вашата меил листа, не како место каде што го водите бизнисот,“ советува Хартке.  Важно е да ја надополнувате вашата листа со релевантни контакти, можете да им понудите и некоја корисна бесплатна бенефиција кога ќе станат дел од вашата меил листа, како на пример електронска книга, бизнис водич, онлајн предизвик и слично.“

5. Имате причина поради која не иновирате

„Многу често претприемачите не ги поврзуваат своите бизнис активности со визијата за својот живот. Со тоа само работат без да се запрашааат како тоа ќе влијае на нивниот живот,“ вели Елизабет.

Гледате дека некој бизнис расте преку нивниот онлајн блог, па сметате дека е добра идеја и вие да отворите ваш блог. Но, доколку немате страст за водење блог, и пишувањето ви носи повеќе главоболка отколку задоволство, тоа не е добро за вас, а и тоа ќе се одрази на вашиот бизнис.

претприемачи

Приспособувањето на бизнисот е добро, всушност е неопходно за тој да расте и да се адаптира. Не секогаш процесот на приспособување ќе ви донесе радост и мотивација, но важно е да целите кон постапки кои ви одговараат на вас и вашиот животен стил.

Колку сте вие посреќни на начинот на кој го водите вашиот бизнис, толку вашиот бизнис ќе биде подобар.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -