Корона вирусот влијае на глобалниот бизнис, но некои индустрии успеваат да растат и во услови на пандемија

Би било неумесно да се претпостави дека пандемија од вакви размери нема да има влијание врз глобалното водење бизнис. Над 4000 жртви, повеќе од 114,000 заразени лица и присуство во преку 100 земји во светот водат кон затворање на цели градови, ограничувања во поглед на патувања, затворање фабрики и прозводствени капацитети… Секако дека глобалната трговија, туризмот, инвестициите и добавувачките канали ќе претпрат сериозни промени, пренесува Форбс.

Не го заборавајте и фактот дека кинеската економија е длабоко испрелетена со светската – таа зафаќа 17% од светскиот бруто домашен производ, додека трговијата на Кина со други земји опфаќа 34% од домашниот БДП.

Според извештајот „Појавата на корона вирусот и нејзиното влијание на глобалната економија“ на тимот Фрост и Саливан (Frost & Sullivan – ‘The Coronavirus Outbreak and Its Impact on The Global Economy’), најдоброто многу веројатно сценарио ќе биде постепено намалување на бројот на заболени, каде најголемиот број случаи ќе продлжи да биде сконцентриран во Кина, пред постепено да го снемува до крајот на март 2020 година. Ова сценарио исто така претполага дека светската економија би растела за 3,1% во 2020 год, додека растот на БДП на Кина би паднал од прогнозите од 5,9% пред појавата на епидемиајта, до 5,4% по неа.

Можни сценарија

Истиот извештај посочува дека најлошото сценарио предвидува ширење на пандемија со крајно сериозни последици, каде појавувањето на болеста се интензивира и се шири низ целата планета пред да биде ставена под контрола на почетокот на летото. Во овој случај глобалниот БДП би паднал под 2%.

Сарват Синг, кој пишува за Форбс, предвидува дека појавата на болеста ќе има влијание на одредени клучни макроеконмски индикатори како што е цената на нафтата и каматните стапки. Тој смета дека цената на нафтата ќе падне како резултат на намалената побарувачка од Кина, најголемиот увозник во светот на нафта. Оттука, ќе има и намалена побарувачка за авионско гориво, што се должи пак на широкораспространетите рестрикции во однос на меѓународните летови. Исто така, Синг очекува и големи падови во каматните стапки бидејќи многу од погодените земји ќе треба да се справат со ударите што ги преживуваат нивните економии.

глобален бизнис

Tуризмот во Азија особено погоден од пандемијата

Загрижува состојбата не стопанството во Азија, во земји како Камбоџа, Лаос, Мјанмар, Филипини и Виетнам, бидејќи се тесно поврзани со Кина во поглед на трговската размена и туризмот. Во оваа група на особено економски погодени земји е и Јапонија, третата најголема економија во светот. Доколку темпото на ширење на корона вирусот не забави, најверојатно Јапонија би се лизнала во рецесија и ќе биде приморана да ги откаже Олимписките игри во Токио годинава.

Но, уште една земја е особено подложна на забавени економски процеси, а тоа е Германија – четвртата најголема економија во светот. Според Синг, растот оваа година во Германија би бил некаде околу нулата, што би се должело на драстично намалентата продажба на нови возила. Петтата најголема економија во глобални рамки – Индија, која е голем увозник на електронски апарати од Кина, е погодена од повисоките цени на кинеските електронски компоненти, предизвикано од недостиг во добавувачките канали.

Што се однесува пак до САД – најголемата економија на планетата Земја, соединетите држави се соочуваат со значителен пад на малопродажните увозни добра. Ова ќе има дополнително повратно влијание и на кинеската економија бидејќи Кинезите не ќе можат да го исполнат договорот со САД да увезат земјоделски производи вредни 200 милиони долари до крајот на 2021 година. Но според експертот на Форбс, трговското непријателство меѓу САД и Кина можно е да се намали наместо да се зголемува.

Автомобилската индустрија е најпогодена

Сопирањето на произведствените капацитети на Кина почнува да го ремети производството и добавувачките канали во автомобилската индустрија, во бизнисот со патувања и туризам, здравствената заштита и нега, високото технолошко производство и малопродажните индустрии. Ова особено важи за автомобилската индустрија. Провинцијата Хубеи, вусшнот епицентарот на епидемијата, е одговорна за 9% од кинеското производство на возила. Фабриките за автомобислки делови таму се затворени, па оттука постои глобален недостаток на овие делови што ги афектира сите аспекти на производството во оваа индустрија во 2020 година.

глобален бизнис

Ова е особено тешка година за сите оние кои се бават со патни понуди и туризам. Авиопревозници, хотелиери, тур оператори, сопственици на ресторани и бизниси со транспортни услуги – сите овие се соочени со сериозни предизвици поради ограничувањата во патувањата во прилично фреквентниот кинески сектор.

Но, како што велат, губитокот на еден човек е добивка за друг, па ова правило важи и во овој случај. Иако авиокомпаниите се соочени со силен удар, приватниот сектор на оваа индустрија доживува пораст бидејќи богатите и имотните ги користат нивните приватни авиони за деловни патувања, па успеваат и да стигнат до највисоките извршни и клучни производи на Кина.

Корона вирус – шанса за раст на некои индустрии

Други индустрии, како што е интернет купувањето, исто така доживувааат пораст. Во овој период, Кинезите препточитаат да купуваат возила онлајн, наместо да посетуваат конкретни продавници. Разбирливо, бизнисот им цвета на сите компании коу нудат достава на конкретна адреса и оние коу нудат безконтактни услуги.

Особено погодена е здравствената индустрија, што се должи на изместените достави на фармацевтски производи, медициснка опрема и биотехнолошки направи. Од друга страна пак, побарувачката за заштитни маски е несопирлива.

Така што, доколку планирате да профитирате во време на светска зараза, внимателно одберете ги индустриите кои во моментов се најлукративни!

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -