Германските олеснувања за работници од Западен Балкан остануваат да важат до 2023 год

Германското правило за Западен Балкан во однос на запослувањето на лица од овие земји останува на сила до 2023 год, пренесува Дојче Веле.

Граѓани од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Косово и Србија и понатаму ќе можат да доаѓаат во Германија независно од нивната стручна спрема.

„Олеснувањата што се однесуваат на правилата за доаѓање во Германија за граѓаните од земјите на Западен Балкан се продолжени,“ пишува Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Во нацртот на уредбата, наведено е дека работната сила од Западен Балкан треба да го користи олеснетиот пристап до германскиот пазар на труд и во наредните три години.

После долги преговори во владејачката коалиција, министерот за труд Хубертус Хал, ја предложил измената во нацрт уредбата со која се регулира тоа прашање и ја дал на гласање кај останатите министри.

Нацртот во основа предвидува т.н. „Правило за Западен Балкан“ од 2016 год, кое истекува во декември годинава, да биде продолжено до 2023 год.

Германија ќе прими најмногу 25.000 лица

Меѓутоа, предвидена е нова горна граница: под тој олеснет начин, годишно во земјата можат да влезат најмногу 25.000 луѓе од регионот.

Во позадина на оваа одлука стојат дилемите на домашните политичари од Христијанско демократската унија (CDU), кои на почетокот одбиваа какво било продолжување на тие правила.

Минатата година, германските претставништва во странство, на основа на тоа правило, издале вкупно 27.000 работни визи, стои во нацрт уредбата.

Исто така, укажано било истражувањето спроведено од Институтот за пазарот на труд и истражувањата за потребните занимања, дека лицата од Западен Балкан во просек заработуваат дневница од 12 евра, и дека само еден процент од овие лица во Германија се невработени или им е потребна помош.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -