Вториот бран на коронавирус може да предизвика полоша економска катастрофа, предупредуваат експертите

Американската економија се соочи со значителна загуба поради ситуацијата со коронавирус на национално ниво. На 29 април, Бирото за економски анализи објави дека бруто домашниот производ-БДП се намалил за 4,8% во првиот квартал, што е пониско и од најлошата финансиска криза во 2008 година. Ова делумно се должи на големиот пад на потрошувачката од 7,6%, што сочинува околу две третини од вкупниот БДП, велат од cnbc.com.

Поврзано:

Иако поголемиот дел од САД останува во карантин, државите, вклучително и Џорџија, започнаа повторно да се отвораат на 24 април. Државните мерки за повторно отворање се разликуваат, но клучната разлика лежи во тоа кој сектор ќе се отвори прво и од брзината на процесот. Државите што не беа толку погодени од пандемијата, како Ајова, истовремено отворија ресторани, фитнес центри, трговски центри и библиотеки со капацитет од 50% на 1 мај.

Секоја држава треба да постапува со различно темпо

„Имаме различни држави на многу различни позиции во појавата на Ковид-19 и со различни реакции на јавното здравство“, рече Џонатан Паркер, професор за финансии во МИТ. „Лудо е да мислиме дека можеме да притиснеме копче и повторно да ја отвориме економијата на национално ниво, со оглед тоа дека сите држави се во различни позиции “.

Нема гаранција дека раното повторно отворање на продавниците може да гарантира успешно економско закрепнување. 

Дури и ако бизнисите се отворат, потрошувачите може да не се чувствуваат сигурни да излезат надвор. Една неодамнешна студија откри дека повеќе од две третини од анкетираните Американци активно ќе ги избегнуваат јавните места сè додека не помине ситуацијата. Експертите исто така се плашат од можноста за втор бран инфекции кои можат повторно да ја погодат економијата.

„Доколку се појави втор бран на инфекции, ќе имаме лош БДП со висока стапка на невработеност, долг-БДП сооднос поголем од 100% и предвидените дефицити за оваа година се веќе 5000 американски долари по американско домаќинство,“ вели Паркер. „Вториот бран на коронавирус би бил уште поголема економска катастрофа од сегашната“.

Ниту една од државите нема двонеделен пад на бројот на случаи, како што е препорачано од Светската здравствена организација и федералните упатства за повторно отворање на бизнисите. САД го имаше својот најсмртоносен ден со пациенти со коронавирус на 1 мај,на истиот ден 14 држави почнаа повторно да ги отвораат локалите.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -