Враќањето во канцеларија е пресметка за лидерите заробени во минатото

Во 1977 год, тогаш се` уште новата компанија за спортски обувки – Најк спроведе печатена рекламна кампања со слоганот: „Нема крајна линија“. Пораката беше едноставна: колку и да изгледа тешко, поентата не е дека треба да се победи на една трка, во даден момент. Важна е долготрајната игра и оттука, пошироката слика.

Иако беше наменет за продажба на патики, рекламата беше неверојатно популарна делумно и поради тоа што беше сфатена како метафора за каков било потфат за некој кој се надева дека ќе (рако)води. Пораката беше безвременска лекција, а денешните лидери пожелно е да се потсетат на неа.

Во текот на последните неколку месеци, како што организациите се справуваа со предизвиците од тоа како ќе изгледа враќањето во канцеларија по пандемијата, консултантската компанија за менаџмент McKinsey & Co спроведе студија. Намената на истражувањето беше да се испита мислењето и на лидерите и на тие што се раководени од нив во врска со несигурниот терен што ги чека. Компанијата им постави прашања на учесниците од тоа како се чувствуваат во врска со враќањето во канцеларија со физичко присуство или можноста за хибридни опции, до тоа колку дена неделно сметаат дека треба да се физички присутни за да бидат ефективни.

На површината, истражувањето не покажа елементи на уникатност. Слични вакви анкети се спроведуваа од десетици организации во првите осум месеци од оваа година, бидејќи нема лесни одговори и на сите им е потребна перспектива. Но, кога се споредуваат одговорите во извештајот на McKinsey, едно нешто се истакнува: лидерите во голема мера се фокусираат на малите и конечни аспекти на работата. Нивните вработени се тие кои ја разбираат пошироката слика на вистинската трка да бидат раководени.

Одговорите на конкретните прашања се интересни. Цели три четвртини од 504 извршни директори и менаџери очекуваат вработените да се вратат во канцеларија три или повеќе дена неделно, набрзо. Истражувачите забележале дека одговорите на лидерите најчесто биле придружувани со имплицирана „крајна линија“.

Со други зборови, лидерите посочиле дека веруваат дека стабилен статус кво во работната средина, што тие сметаат дека ќе постои со години, е неизбежен. Како точно лидерите дошле до овој заклучок, особено бидејќи се соочени со континуирани пореметувања, не е јасно.

Подеднакво изненадувачки, еднаков процент на повеќе од 5000 вработени кои учествувале во анкетата целосно се спротивставуваат на ваквото гледиште. Вработените јасно ставиле до знаење дека за нив не постои нов статус кво што треба да дојде во брза иднина. Напротив, за нив нема крајна линија на хоризонтот.

Промена во парадигмата

Заклучоците истакнуваат нешто што е многу поголемо од едноставно несогласување околу тактичките детали. Како што не е случај кај повеќето лидери, работниците го насетуваат па дури и го поттикнуваат создавањето море од промени за тоа на кој начин ќе се работи, и можеби неизбежно, промена во тоа кој одлучува како ќе изгледа работата и кој ќе раководи.

Еден важен индикатор, наместо да се очекуваат насоки од врвот, 26% од работниците во САД веќе бараат нови работни позиции, вели McKinsey. Други 40% се подготвуваат да го напуштат сегашното работно место до крајот на годината. Овој феномен зборува за разликата во перспективата за тоа што е потребно за да се напредува во овие двосмислени времиња.

Лесно е да се претпостави дека сите ние, по правило, сакаме да веруваме дека има крајна цел или линија – некој вид конклузивен крај за несигурноста што сите нас не` засега во моментов. Но овој пат, вработените како подобро да ја сфаќаат реалноста дека несигурноста е нашето ново не-нормално. Нема ниту став дека ни се ближи судниот ден. Во секоја анкета што се спроведува, вработените велат дека се оптимисти дека можат да напредуваат со несигурноста, па дури и подобро отколку во периодот пред пандемијата.

Па, зошто лидерите претпоставуваат или чувствуваат потреба да проектираат непостојана крајна линија? Можеби станува збор за тежината на очекувањата – лидерите секогаш мислат дека мора да имаат конечен одговор или оптимално решение. Ако е така, тогаш погрешно ги сфатиле нештата.

McKinsey предлага дека нема причина за грижа. Извештајот сугерира дека тој „краен ефект“, како што го именувале овој краток поглед кај лидерите, може да доведе до намалување на нивното влијание бидејќи вработените заклучуваат дека нивните лидери немаат појма, се неразумни или едноставно не се сезнајните херои како што претходно ни било кажувано.

Според заклучоците, ова би биле главните лекции што лидерите треба да ги сфатат. Живееме во ново не-нормално време каде што нема крајна линија. Во таков пејзаж, мора сите да ја повикуваме прилагодливоста, не сега или тогаш, туку постојано.

Со други зборови, прилагодливоста мора да стане наш стратешки начин на размислување. Тој вид приспособување е премногу голема работа за едно лице, лидер или не. Потфатот мора да биде колективен.

За да се овозможи тоа, основната работа на лидерот е да создава средина во која секој може да води и да се приспособува на повторливата несигурност за да може да напредува. И, тоа почнува со прифаќањето на фактот дека несигурноста нема да си замине.

Дали деталите се важни кога станува збор за тоа како ќе се вратиме на работа? Без сомнеж. Но тие се тактични прашања, прашања што се однесуваат на поединечни трки и такви со неизбежно привремени одговори. Целта е напредок на долг рок и во тој случај не може да има крајна линија.

Автор: Лари Робертсон, советник за иновации кои работи, пишува и раководи следејќи ги принципите на креативно, агилно лидерство и претприемништво. Тој е исто така автор на две наградени книги: „Јазикот на човекот, научете да зборувате креативно“ и „Намерна пауза: претприемништвото и неговиот момент во човечкиот напредок“.

Извор: SmartBrief  

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -