Вработувањето на жени и мајки го поттикнува економското опоравување

Оваа недела одвоив време да се видам со една пријателка на која ì се восхитувам – Трина Лимперт, која порано работеше како глобал претседател за жените во eBay. Таа сега стои на чело на RizeNext, каде работи на спроведување на визијата за создавање нова генерација различни технолози, извршни и генерални директори. Од средината на 2019 год, таа ги тренира компаниите како да создадат разноликост и иницијативи што ќе извршат одредено влијание што ќе поттикне промена, додека во исто време се поттикнува профитабилноста и растот на компанијата, раскажува Шерил Снап Конер, специјален колумнист за Entrepreneur и извршен директор на Снап Конер ПР.

Шерил вели дека таа и Трина делат многу заеднички работи, како на пример фактот дека двете ги започнале кариерите во технолошката индустрија во Прово, Јута, во компанијата Novell, Inc, која била купена од страна на The Attachmate Group во 2011 год. Шерил пристигнала во фирмата во 1986 год, три години пред да го започне сопствениот бизнис. Трина останала многу подолго време во компанијата во која започнала да работи во 1998 год, а од која си отишла во 2007 год, кога добила позиција во Oracle.

Осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век беа време кога светот на жените во технологијата беше многу различен од денешниот. Шерил признава дека била доволно среќна да ја започне кариерата во областа на односите со јавност во тимот на жена потпретседател на компанијата која била одличен ментор. Но голем дел од причинита зошто Шерил ја напуштила компанијата и започнала сопствен бизнис во 1989 год е фактот дека се соочувала со премногу барања поставени од страна на менаџментот, а кои биле непријателски поставени во однос на жените и родителите.

Како жена програмер, Трина се соочувала со многу поголеми проблеми. На нејзиниот прв работен ден ì била дадена кутија со компјутерски делови и насока самата да си го состави компјутерот на кој ќе работи. Таа го сторила тоа и покрај фактот дека нови компјутери биле редовно набавувани за нејзините колеги мажи.

Претворање на личното искуство во трајна промена

Ниту Шерил ниту Трина имале намера да држат лутина, но затоа биле истрајни. Но таквото искуство ја натера Трина да се посвети на каузата дека околностите за жените, и вработените, и лидерите можат да се подобрат.

За таа цел Трина почнала да работи како глобален претседател за жени за време на нејзиниот ангажман во eBay, а следната година ја основала организацијата RizeNext. Покрај обуки за корпорации и индивидуалци, Трина обезбедува и бесплатни проценки, консултации и планови за спроведување програми на разноликост и канали за вработување на различни профили на жени. На почетокот на 2020 год, RizeNext стана партнер на MotherCoders.org, непрофитна организација со седиште во Сан Франциско, која обезбедува технички обуки и работилници за кариерно насочување во таа област и во Њујорк на повеќе од 3000 мајки во САД до сега.

Трина не можела да ја предвиди големината на потребата што сега постои за програмата на MotherCoders, во екот на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и економските предизвици што ги постави.

Според Трина, 86% од жените во САД стануваат мајки до 44-годишна возраст, што значи дека огромен човечки капитал се игнорира кога станува збор за вработување или ангажирање жени мајки. Но, жените се одговорни за 85% од бизнисот и трошењето на потрошувачите, така што во просек враќаат 90% од нивниот приход назад во нивните локални економии. Со оглед на ова, логично е да се инвестира во мајки за да се осигура непречен развој на производи и услуги. Обуките што ги обезбедува MotherCoders се исто така особено корисни затоа што нивните корисници добиваат лижен пример од СТЕМ областите (природни науки, технологија, инженерство и математика) во домовите на секое лице што ги посетува истите, што пак резултира со посилни семејства и заедници за идните генерации.

План што им овозможува на мајките да научат да кодираат

Еве како функционира иницијативата: програмата обезбедува поддршка за детска нега на лице место, или преку стипендија за да можат студентите на далечина да учествуваат и целосно да се посветат на сопствениот развој. Сите учесници се лица постари од 21 година, кои се идентификуваат како жени на начин кој ним им е важен, а тоа вклучува транс или квир лица, или двополови лица. Учесниците водат сметка за најмалку едно лица кое е помладо од 17 години, а било примено во програмата. Се цени, но не е задолжително новозапишаните студенти да имаат барем 5 часови искуство во кодирање, што е доволно за нив да знаат дека е нешто на што сакаат да посветат повеќе време.

Програмата привлекува спонзори кои учествуваат со непарични донации и услуги, како и со средства за школарина и стипендии што ги покриваат трошоците за детска нега. Трина вели дека организации како Facebook, eBay, и Album VC веќе ќе сложиле да бидат спонзори на програмата од септември 2020 год.

Учесниците совладуваат технички вештини за создавање и објавување вебсајт, со користење на HTML, CSS, и JavaScript, за да се истакнат вештините што ги бараат потенцијалните работодавачи. Тие го продлабочуваат разбирањето на технолошката индустрија, вклучувајќи трендови, како и услови што треба да се исполнат за да се поттикне раст и иновации, и насоки за можните кариерни патишта за технолошките работници. Преку програмата, учениците имаат можност да се вмрежуваат во професионални организации.

Предностите на целосната интеграција на жените во работната сила се јасни

САД продолжува да се соочува со недостиг на доволен број професионалци од технолошката индустрија, што пак не само што може да придонесе во приходите на бизнисите на еден регион и економијата во целост, туку може да создаде дополнителни високоплатени работни места за дел од населението што вообичаено е занемарен.

Резултатите можат да бидат неверојатни. Во анкета спроведена од страна на MotherCoders во 2018 год, 62% од учесниците во програмата од Калифорнија и Њујорк сега пополнуваат работни места во технолошката индустрија, додека 19% добиле унапредување, а 4% основале сопствен бизнис. Заедно, ги зголемиле сопствените плати за 68%, а приходите во домаќинствата рипнале во просек за 54.360 илјади долари.

За секој технолошки бизнис, вредноста на развивање канал за ангажирање и вработување на жени треба да биде јасна. Вакви иницијативи можат да се развиваат и во други земји во светот, посветени на слични цели.

Трина исто така нуди и обуки за организирање успешни социјални иницијативи во самите организации. Во сите можни сценарија, јасно е дека обезбедувањето обуки и поддршка за жените на пазарот на трудот има придобивки на повеќе нивоа. Уште подобро, наместо набљудување и жалби поради разликата во платите помеѓу мажите и жените, компаниите можат да учествуваат или самите да креираат вакви иницијативи бидејќи токму таквите дејства го затвораат родовиот јаз.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -