Вработените во Google ќе работат од дома до крајот на годината

Сундар Пичаи, главниот извршен директор на Google, им соопшти на своите вработени дека ќе работат од дома најмалку до крајот на годината, пренесува Business Insider.

Поврзано:

Во април, на вработените на Google им беше соопштено да се подготват за враќање во канцеларија на први јуни. Но, изгледа дека тие го промениле своето мислење, и ќе го продолжат рокот за работа од дома до 2021 година.

За време на состанокот во четвртокот, на вработените на Google им беше пренесено дека оние кои сакаат да се вратат во канцеларија ќе можат тоа да го направат во јуни или јули, секако со преземени мерки за заштита.

Фејсбук ја соопшти својата стратегија за отворање на канцелариите

Ова соопштение се поклопува со тоа на Google, како што поголем број компании почнуваат да ги враќаат своите вработени во канцеларија.

Но, оваа голема компанија не е единствена која ќе преземе ваков чекор. Facebook исто така им соопшти на своите вработени дека можат да работат од дома до крајот на 2020 година, но за оние кои сакаат, тие ќе ги отворат канцелариите на 6 јули.

Facebook го презема следниот чекор во неговата стратегија за враќање на работните места.

Секој од вработените кој може да работи од далечина, може да го прави тоа до крајот на годината“

вели портпарол за компанијата. „Компанијата сè уште одлучува кои вработени ќе мораат да се вратат на своите работни места.“

Facebook беше меѓу првите компании што им овозможи на своите вработени работење од далечина. Компанијата им подели на своите вработени и бонуси во висина од 1000 долари за нивната работа од дома и истовремената грижа за деца.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -