Во периодот по пандемијата ќе бидат потребни нов вид лидери

Една од најчестите заблуди во секоја организација е тоа што лидерството се поврзува со одредени улоги и само со одредени титули. Откако ќе се искачите на конкретен ранг на добро познатата корпоративната скала или го добиете посакуваното унапредување на одредена позиција, размислувањето е дека вие „официјално“ сте станале лидер, пишува Ен Чау, првата жена извршен директор на AT&T Business, одговорна за повеќе од 30 000 вработени кои заедно опслужуваат 3 милиони деловни клиенти во светот.

Вистина е дека лидерството не е нешто што туку така се случува. Ниту пак е нешто што бара одредена улога или титула. Напротив, лидерството е избор. И тоа е избор што вклучува вредности, визија, глас и дејство.

Луѓето можат да одберат да бидат лидери од најрана возраст. Сетете се на некои од вашите соученици кои влијае на нивните врсници на начини на кои другите не можеле. Некои од нив направиле очигледни избори за да го спроведат лидерството: стануваат капетан на спортскиот тим или уредник во училишниот весник, или пак одлучуваат да се кандидираат во студентскиот совет.

Клучно е дека други форми на лидерство се помалку отворени. Сите можеме да се сетиме на тимовите што биле дел од нашето училиште, нашата заедница, или во различни моменти од нашите кариери кога постоело и едно друго лице кое како да било лепакот што ги држи сите заедно. Тие лица можеби официјално не ја добиле титуалата „капетан“, или „лидер на тим“, но тие се интегрален дел од успехот на целиот тим – и нивните придонеси се поголеми од нивните конкретни резултатите, можат да се дефинираат преку нивните пошироки влијанија.

Лидерството е начин на размислување

Овие луѓе одбираат да бидат лидери. Тоа е начин на размислување; идејата дека сите имаме можности да влијаеме и да инспирираме други.

Во историјата на човештвото, на глобална скала, никогаш немало време кога изборот да се биде лидер е толку важен како сега. Соочени сме со уште една година несигурност, и во поглед на моменталните услови и во поглед на идното влијание на глобалната пандемија. Се` уште ги чувствуваме притисоците од глобалната економска рецесија. И без разлика дали е поттикнато од технолошките потреби, социјалните притисоци и еволуцијата, динамичната политичка средина, хоризонталното лидерство е многу посакувано и потребно.

Соочени со криза, што се лидерите во организациите – дали се луѓето официјално назначени да бидат „лидери“ или едноставно „членови на тимот“ кои одбираат да преземат одговорност и да се прошират во тие улоги – што ќе треба тие да сторат за да не` придвижат напред? Како изгледа современото лидерство?

Лидерските карактеристики се земаат предвид

За почеток, основниот белег на современите лидери мора да биде храброста. Се сомневам дека многумина би ја дебатирале потребата од храбри лидери – без разлика дали станува збор за приватниот сектор во различни индустрии, или за јавниот сектор, во филантропија, и во рамките на нашите заедници и семејства исто така. Но храброста бара понизност и ранливост, и силна емоционална интелигенција е неопходна за да се зголеми влијанието на силната интелектуална интелигенција.

Храброст, интегритет и способност се некои од најважните карактеристики на лидерите. Лидерот мора да е способен не само да ги препознае и прифати единствените тешкотии и трауми кои луѓето ги искусија во текот на минатата година, туку мора да е способен да покаже автентична емпатија и да е желен да поттикнува промени и со неговите зборови и со неговите дејства.

Запомнете: луѓето немаат и личен живот и професионален живот. Тие имаат еден живот. Овој факт никогаш не бил толку очигледен колку што е денес. Така што, лидерите мора да работат да ја одомаќинат идејата за „целата личност“ на луѓето во нивните тимови, тие мора да бидат и сочувствителни и емпатични кон реалностите на луѓето со кои работат и се справуваат. Личните искуства и перспективи не можат веќе да останат целосно заѕидани во професионалната личност на лидерите.

Дополнително на повисокиот степен на емпатија и емоционална интелигенција, кризите со кои земјите во моментов се соочуваат бараат лидери кои се желни да бидат водени од нивните принципи и вредности и да застапуваат одредена идеја или став.

Повеќе не е доволно „да се прават работите правилно“, т.е. да се извршуваат. Тоа е разликата помеѓу менаџер и лидер. Менаџерите се грижат тимовите да ги „прават работите правилно“. Лидерите, од друга страна, се грижат организациите да „ја прават правилната работа“, што најверојатно не е воопшто лесно. И вистинските лидери не ја дефинираат „правилната работа“ од нивна лична перспектива, напротив, тие се фокусирани на пошироката слика, поголемото добро, повисоката цел, и одржливо стратешко влијание.

Како што работната сила станува помлада и поразновидна, тие лица ќе бидат нестрпливи да го направат правилното нешто и да се справуваат со социјалната правда, системскиот расизам, несвесните предрасуди, и други проблеми. Предизвикот за денешните лидери е да се осигураат дека создале средина каде дискусијата за овие прашања може да се случи на продуктивен, конструктивен и одржлив начин.

Последниот дел за одржливоста е важен. Вистинскиот лидер размислува подалеку од краткиот рок и создава култура што ќе ги надживее и ќе продолжи да опстојува долго по неговото заминување. Бидејќи промената не се случува преку ноќ.

Лидерството е избор

Но, промената сепак се случува. Всушност, промената ќе се случи. Одлуката да се трансформираат процесите и да се води е избор. Помислете на нешто што е толку закоравено во професионалните средини како што беше барањето да „се одвои време за личен контакт“. Порано важеше дека доколку не поминувате голем број часови на вашето биро каде што вашиот шеф можеше да ве види кога ќе посака, не ви го земаат талентот предвид. Не беше важно дали веќе сте ги завршиле сите ваши задачи и едноставно убивате време – моравте да седите на бирото додека вашиот шеф не си замине.

Барањето за времето поминато во личен контакт се покажа колку е апсурдно и сега се става многу мал акцент на него. Слично, системските предрасуди и други нееднаквости можат да се сфатат како бариери кон оптималната ефикасност и поправедно општество.

Има една изрека која вели дека кризата развива лидери, но мислам дека она што таа навистина го прави е што ги (раз)открива. Како што заминуваме од минатата турбулентна година и се соочуваме со несигурноста во оваа, лидерите, сегашните и тие што допрва ќе се појават, ќе треба да направат напредок – во секој поглед во економијата и во општеството во целост.

Инспирирана од мојот омилен цитат од Ганди, современите лидери се охрабрени од промената што сакаат да ја видат во светот, заклучува Чау.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -