Во пандемијата вмрежувањето е единствената светла точка за жените кои работат

Насловите во медиумите поврзани со жените кои работат и нивните проблеми и предизвици се намножија за време на пандемијата на коронавирус. Поголемиот дел од вработените жени ги губат работните места. Истовремено, имаат уште поголеми обврски бидејќи вообичаено тие се тие кои се грижат за членовите на семејството и ги обавуваат и домашните задолженија. И во голем број индустрии, тие се вработуваат многу побавно од мажите, вели Каролин Ферчајлд, уредник во LinkedIn News, специјалист по комуникологија.

Сепак има една светла точка: жените некако наоѓаат време да ги одржат нивните лични и професионални мрежи во поголема мера од нивните колеги мажи. Додека активностите за вмрежување се намалија за 17% за време на пандемијата, речиси сите тие загуби се на мрежи на мажи. Овој заклучок произлегува од истражувањето на Мариса Кинг, професор по организациско однесување на факултетот за менаџмент при Универзитетот Јејл, и автор на книгата „Социјална хемија: декодирање на шемите на човечкото однесување“.

Имав можност да разговарам со проф. Кинг на каналот LinkedIn News Live минатата недела, продолжува Ферчајлд. Во прилог се неколку од најважните поенти од разговорот.

Не се работи за тоа колку време поминуваат во вмрежување, туку како го поминуваат времето

Кинг: „Она што можеме да го заклучиме од истражувањето е дека жените се вмрежуваат на многу поразличен начин од мажите. И поради тоа, тие остварија многу поголем успех за време на пандемијата. Една од клучните работи што ги знаеме на пример, е тоа дека мажите се склони да ги одржуваат нивните мрежи со заеднички активности. Па така, може да отидат во бар заедно. Или може да спортуваат заедно. Можат да прават што и да е тоа што мажите го прават заедно, но спротивно на ова, жените се склони да одржуваат врски преку разговори и нивната способност да ги продолжат тие врски со разговори не беше попречена толку многу за време на пандемијата. Тоа е важно, не само кога размислуваме за пандемијата, туку и кога размислуваме за транзицијата кон виртуелната работа.

Телефонските повици имаат врска со тоа

Кинг: „Делумно, тие повеќе посегнуваат една кон друга во нивните лични мрежи, но тие исто така ја насочуваат оваа транзиција кон виртуелната работа на различен начин. На пример, знаеме дека врските особено се одржуваат поефикасно преку телефон. Во моето истражување, исто така откривме дека врските всушност не се поддржани со виртуелни состаноци. Знаеме од претходно дека слушањето е многу поефикасно затоа што дозволува поемпатични разговори и склони сме да бидеме подобри слушачи кога само слушаме аудио (без видео поддршка).

Така што, диспропорционалната склоност на жените всушност да го земат телефонот и да се јават некому игра голема улога во нас. Ова значи дека жените всушност не поминуваат повеќе време или посегнуваат по повеќе луѓе, туку дека тие посегнуваат по луѓето на различен начин од мажите.

„Вмрежувањето“ сега е поважно од кога било претходно

Кинг: „Особено во ова време, знаеме дека навистина ни се потребни нашите врски. Така што нашата претстава за длабока врска со блиски луѓе е важна во однос на спречувањето чувства на осаменост. Исто така е важно и за менталното здравје и добросостојба, но е навистина клучно за професионален успех. Без разлика дали целта на вмрежувањето е да се добие унапредување или повисока плата, сето тоа исто така трпи влијание од силата на нашите врски и квалитетот на тие врски. Така што, навистина е важно да бидеме внимателни со односите во нашите мрежи и да се осигураме дека ги одржуваме. Јас сум дел од мрежа делумно поради сопствена корист, но исто така и поради луѓето со кои сум во контакт. Така што користа од врските не е само тоа што вие ќе го добиете, туку и како вие им помагате на другите со кои сте поврзани.

Ако мислите дека немате време, сега е време да се постават граници

Кинг: „Во моментов имаме толку малку контрола врз голем број аспекти од нашиот професионален живот. Не бирам кога ќе одговорам на мејлот, туку мојот шеф е тој што често пати бира. Имам помалку контрола врз моите работни часови кога работам виртуелно. Толку многу од работите што повеќе ги контролиравме во минатото сега се загубени, но нашите врски се доменот каде се` уште имаме автономија. И таа автономија е навистина клучна за среќата и добросостојбата на вработените. Само 10 или 15 минути социјална интеракција без вклучување на работата може да го зголеми ангажирањето во самата работа и смислата за припадност, но и смислата за цел. Така што, размислете за тоа каде може да создадете одвојување? Иако за голем дел од нас има места кои ни се проблематични за да го направиме тоа во моментов.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -