Во очи на божиќните празници Европа се заклучува

Поради влошената епидемиолошка состојба, во очи на божиќните и новогодишните празници, европските земји ги заоструваат веќе воведените рестриктивни мерки, пренесува Танјуг.

Германија од полноќ воведе целосно затворање, а Франција воведе полициски час наместо досегашниот „локдаун“.

Мерките во Германија ќе траат до 10 јануари следната година и во тој период ќе работат само основните продавници, како што се супермаркети и аптеки, но ќе работат и банките.

Училиштата исто така ќе бидат затворени во тој период, а од работодавачите се бара да ги затворат претпријатијата или нивните вработени да работат од дома.

Лесно попуштање за Божиќ

За време на божиќните празници, од 24 до 16 декември, ќе се воведе лесно попуштање бидејќи тогаш ќе биде дозволено во нечиј дом, како гости, да се соберат највеќе четири лица и тоа од најтесниот семеен круг кои не припаѓаат на исто домаќинство, пренесува Дојче Веле.

За дочекот на Нова година ќе се применува забраната за собирање и групирање.

Овој Божиќ ќе се слави и целосно различно и во црквите: минималната раздалеченост е еден и пол метар и носењето маска е задолжително. Оваа година не е дозволено пеење. Правилата исто така се однесуваат и на синагогите и на џамиите.

Во Франција, полицискиот час ќе важи од 8 часот навечер до 6 часот наутро, период во кој луѓето не ќе можат да излезат од дома без дозвола.

Исклучок ќе биде Бадник, но правилото ќе важи и за дочекот на Новата година, според Би-Би-Си.

Баровите и рестораните ќе бидат затворени барем до 20 јануари, следната година.

Не е дозволено неодговорно групирање

Новите мерки за целосно затворање, кои меѓу другото подразбираат и затворање на училиштата и продавниците најмалку пет недели, се воведени во Холандија.

Училиштата, продавниците што не се од витално значење, музеите, теретаните, театрите и фризерските салони се исто така затворени од полноќ, и ќе бидат затворени до 19 јануари 2021 год. Рестрикциите ќе бидат ублажени околу Божиќ кога холандските домаќинства ќе можат да примат тројца наместо двајца гости.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ги повика граѓаните да избегнуваат „неодговорно“ собирање во текот на празникот и најави евентуално заострување на мерките во тој период.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -