Во Мајкедонија „најпопуларни“ се потрошувачките и станбените кредити

Потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, во јуни оваа година, бележат раст од 1,1% и 1,4% во однос на минатиот месец и 10% и 13,8% во споредба со јуни минатата година, покажуваат податоците на Народна банка.

Кредитите одобрени на кредитни картички и негативни салда на тековни сметки во јуни се зголемени за 0,2% и 1,3% во однос на претходниот месец, додека во однос на истиот период лани, имаат пад од 4,2% и 9,4%.

Автомобилските кредити, како што се наведува, бележат месечен и годишен пад од 1,3% и 8,6%.

Зголемени депозити во домаќинствата

Во јуни, вкупните кредити на домаќинствата забележаа месечен раст од 1,3%, којшто во најголем дел произлегува од денарските кредити. Годишниот раст изнесува 8,8% и се должи на зголемените кредити во денари и странска валута, при поголем придонес на кредитите во денари. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно одлуката на Народна банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата во јуни изнесува 9,6%.

Вкупните депозити на домаќинствата, во јуни, се зголемија за 0,8% на месечно ниво, главно како резултат на растот на депозитните пари, како и на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, при пад на долгорочните и краткорочните депозити во денари. Анализирано на годишно ниво, депозитите на домаќинствата се зголемени за 8,7%, пред сè поради повисоките депозитни пари, како и краткорочните депозити во странска валута.

Во јуни, вкупните депозити на корпоративниот сектор, остварија раст од 2,5% на месечна основа. Притоа, растот во најголем дел се должи на зголемувањето на депозитните пари, при помал, но позитивен придонес и на краткорочните депозити во странска валута, а во услови на пад на останатите компоненти. Годишната стапка на раст изнесува 11,2% и во поголем дел се објаснува со зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари.

Кредитите на корпоративниот сектор, во јуни годинава, бележат месечен и годишен раст од 1,5% и 4,6%, соодветно. Притоа, најголем придонес кон месечниот раст имаат одобрените кредити во денари, додека годишниот раст произлегува од одобрените кредити во денари и во странска валута, со поголемо учество на кредитите во странска валута. Со исклучување на ефектот од извршените отписи на сомнителните и спорните побарувања, согласно одлуката на Народна банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор во јуни изнесува 6,4%.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -