Во која македонска општина има најголем број микро, мали и средни компании

Општина Центар во Скопје е територијалната единица во државава со најголем број микро, мали и средни компании, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Меѓу петте општини со најголем број на ваков вид на компании се и: Карпош, Битола, Аеродром и Тетово. Инаку, повеќе од 50% од вкупниот број на микро, мали и средни претпријатија во нашата земја се лоцирани во 10 општини, а во град Скопје 36,8%.

Податоците покажуваат дека 30,5% од малите и средни бизнис во Северна Македонија се бават со трговија на големо и на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли; 11% се од преработувачката индустрија; 10,1% припаѓаат на стручни, научни и технички дејности; 7,9% се во други услужни дејности; 7,6% во транспорт и складирање и 7% вогГрадежништво.

Анализирано по региони, најголема концентрација на мали и средни бизниси има во Скопскиот регион (39%). Потоа следуваат: Полошкиот (11,4%), Пелагониски (11%), Југозападен (9,9%)…

Статистика, исто така, нотира дека кај малите и средни претпријатија во трговијата на мало, по почетниот зголемен промет во јануари оваа година, во следните три месеци е забележан пад на прометот.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

За успешен стартап бизнис, размислувајте како научник

Секој пат кога претприемачите или иноваторите добиваат идеја, вообичаено се прашуваат: „што можам да создадам за да ја тестирам идејата?“. Но би...
- Advertisment -