Во комплексни времиња потребни се смели лидери

Делува очигледно дека во денешниот капиталистички свет на главните чинители, правилното владеење со животната средина, општеството и економијата, и важните социјални движења првенствено во САД, лидерите мора да покажат дека имаат цел и поседуваат автентичност, а периодот по Ковид-19 ќе ги нагласи овие аспекти, пишува Адриан Гор, основач и извршен директор на глобалната осигурителна куќа Discovery, основана во Јужна Африка во 1992 год, за Financial Times.

„Ова го научивме со еволуцијата на нашата организација Discovery, компанија која ја создадовме околу едноставната идеја „да ги направиме луѓето поздрави“. Но како да се биде лидер во комплексни времиња е вознемирувачко прашање, и за него не постои алгоритам,“ потенцира тој.

Навидум мали одлуки предизвикуваат драматични промени

Но постојат клучни заднински динамики што не можат да се игнорираат. Централен аспект на ова прашање е зголемената интеракција: организациите кои ние ги водиме се далеку повеќе меѓуповрзани поради технологијата и глобализацијата, а Ковид-19 сега е доказ за тоа. Меѓуповрзаноста предизвикува отсуство на линеарност и има длабоки и неразумни импликации кон ефикасното лидерство. „Дозволете ми да споделам две,“ пишува Гор. „Најпрво, да си на чело на модерна организација бара смелост а не постепена промена; да се направат големите промени навистина добро; и истовремено да се биде внимателен и иновативен. Дозволете ми да објаснам зошто. Размислувањето дека исходите од еден систем се распределени според некој метод во форма на ѕвоно е когнитивна грешка. Кога системите се комплексни и заемно поврзани, мал број на варијабили на „опашката“ предизвикуваат искривено влијание на исходите – појава позната како „принципот на Парето“ или „Правилото 80/20“. Единствените исходи што се распределуваат на начин во форма на ѕвоно се природни и независни феномени, како што е висината на луѓето или коефициентот на интелигенција. Кога работите се меѓусебно поврзани, речиси секогаш се појавува искривеноста од „принципот на Парето“. На Twitter, 80% од американските твитови се генерираат од само 10 % од корисниците; 1 процент од светската популација зазема 45% од светското богатство; и нашите сопствени податоци го следат општиот тренд во здравствените системи каде мал дел од барателите (20%) одговараат за мнозинството (80%) побарани трошоци. Овој принцип е застапен каде и да погледнете, од зачестеноста со која се цитираат одредени зборови, до движењата на цените. Ако го прифатите ова, тогаш мора да верувате дека овој принцип се применува во комплексни, заемно поврзани организации. Одлуките на лидерот и неговите дејства, особено тие важните „на опашката“, имаат исходи со драстични ефекти, што ја менуваат и и` даваат нова форма на организацијата. Ова е повик за смелост наместо за постепени промени. Лидерите треба да се фокусираат на одлуките и дејствијата на „опашката“, и да дозволат други да се сконцентрираат на постепените промени. Сегашното време ја засилува потребата од имплементација на витални иницијативи на ефикасен начин, и бара истовремен фокус на внимателност и иновација.

Во светот во кој владее „принципот на Парето“, една невнимателна одлука на опашката може да предизвика колапс на организацијата, а една значајна иновација може да предизвика промена во парадигмата. „Ова го научивме од нашиот сопствен бизнис,“ споделува Гор. „Имавме момент на просветлување околу промената на однесувањето и тоа го поврзавме со цената на осигурувањето. Ова не` доведе до нови финансиски услуги за категорија која опфаќа 20 милиони луѓе и мрежа од најголемите осигурителни компании на 24 пазари“.

Потребен е фокус кон позитивните, обединувачки аспекти

Второ, управувањето со комплексни и заемни поврзани системи изискува позитивност и тоа со примена на софистицираност, а не наивност. Има причина за ова. Луѓето еволуирале од саваните пред околу 2 до 6 милиони години, во исклучително тешки услови. Животниот век бил околу 30 години и смртноста кај децата била особено висока. Заканите со кои луѓето се соочувале биле физички, и опстанокот зависел од барањето негативни сигнали како знак за блиска опасност, што пак со текот на времето станало човечка карактеристика со длабоки траги во нашата ДНК. Проблемот сега е што имаме погрешен код. Земјоделската револуција се случила пред 12000 години, а индустриската пред околу 200 години. Како резултат на овие промени, заканите со кои денес се соочуваме не се физички туку системски – неуспехот на заемно поврзаните системи: држави, образование, здравство, како и корпорациите. За да меѓуповрзаните системи станат ефикасни, потребно е споротивното на негативното. Овие системи најдобро функционираат со доверба и соработка, а ова се создава со барање позитивни сигнали. Јувал Ноа Харари, историчар, филозоф и автор на бестселер книги, споделува лична поента како да се победи Ковид-19: луѓето треба да им веруваат на научните експерти и јавните власти, и земјите треба да почнат да си веруваат една на друга.

Организациите не се различни. За да бидат компаниите ефикасни треба да имаат позитивни рамки на делување – да имаат позитивна цел, да имаат јасна визија и цел, и да обезбедуваат позитивни повратни информации. Светот по пандемијата со можно автоматизирана работна сила ќе ја зголеми оваа потреба. Проблемот е дека луѓето се „програмирани“ да бараат негативни сигнали. Но во еден заемно поврзан свет, најдобро се снаоѓаме кога истовремено ги бараме и позитивните сигнали. Барањето негативни сигнали често пати делува како одговорно, конзервативно и реално, додека барањето позитивни сигнали делува наивно и немарно. Но, во заемно поврзаниот свет, спротивното е точно.

Заобиколувањето на цинизмот и потрагата по позитивни аспекти на живеењето е навистина софистициран одговор. Светот по Ковид-19 ќе бара лидерство кое е водено од целта и кое е автентично. Но за да се спроведе оваа идеја, лидерите треба да бидат смели и позитивни. Ова можеби делува како мека лидерска тактика, но е вкоренета во рационалната логика.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -