„Внатрешно претприемништво“ – новиот популарен тренд во корпоративното иновирање

Кога Џејмс Расел направи план за користење машинско учење со цел создавање специјализирани осигурителни производи за малите бизниси, тој се соочи со дилема. Идејата беше одлична, и можеше да се примени на потенцијално огромен пазар, но неговиот работодавач, британската осигурителна компанија Aviva, не сакаше да ги развива производите во рамките на сопствената организација, пишува sifted.eu.

„Идејата беше прилично далеку од нивниот претходно зацртан развоен план и имаше повеќе други итни приоритети,“ вели Расел. Од друга страна, Расел не беше сигурен дека треба да ја напушти сигурноста на корпорацијата за која работеше 17 години за да основа сопствен бизнис.

„Бев прилично условен да работам за корпорација, да имам жена и семејство, тоа ми се чинеше како многу голем скок,“ објаснува тој.

Така што Aviva се реши на компромис. Корпорацијата го испрати Расел во организација што нуди поддршка за стартап компании со седиште во Лондон – Founders Factory – каде што тој можеше да ја развива и тестира идејата за стартап фирма, додека се` уште технички беше вработен во Aviva.

Осум месеци подоцна, идејата се претвори во компанија со 6 вработени лица, наречена Brisk. Новата фирма веќе генерира приходи, а Aviva е еден од нејзините клиенти. Исто така Расел успеал да обезебеди дополнителни 300 000 фунти од надворешни инвеститори, средства што се искористени за развој на бизнисот.

Подемот на „внатрешното претприемништво“ (intrapreneurship)

Ваквите програми за внатрешно претприемништво повторно се актуелни, вели Џорџ Норткот, ко-основач на Founders Factory.

Со текот на годините, компаниите се обидуваат на многу различни начини да најдат нови идеи, од инвестирање во стартап компании до корпоративни инвестициски фондови, до менаџирање сопствени акцелераторски програми за млади бизниси. Сега, до некаде старомодниот концепт за црпење идеи помеѓу сопствените вработени се враќа во мода.

Покрај работењето со Aviva, лондонскиот акцелератор исто така спроведува и програми за внатрешно претприемништво со француската козметичката компанија L’Oreal и британската мултинационална компанија за производи за широка потрошувачка Reckitt Benkiser, која работи со брендови како Strepsils и Durex.

Уште една компанија со седиште во Лондон, која спроведува акцелераторски програми за корпоративни клиенти – Lmarks – исто така почнува да вклучува програми за внатрешно претприемништво во нејзиниот курикулум, почнувајќи со проект чија цел е да им помогне на вработените во една голема јапонска корпорација да развијат нови бизнис идеи.

Германската хемиска компанија BASF минатиот декември отвори „домашен“ инкубатор наречен Chemovator за да им помогне на вработените да развиваат нови бизниси преку менторството од сопствените експерти.

Корпоративните вработени се одличен извор на бизнис идеи, вели Норткот. „Ние во Founders Factory никогаш не би го стекнале увидот за да го создадеме Brisk ако не дојдеше од внатре, од Џејмс кој имаше уникатна перспектива за вистинската можност на пазарот“.

Но издвојувањето на тие идеи и нивното претворање во вистински бизниси е тешко, вели Бен Томас, извршен директор за развој во LMarks.

Црна дупка

Типично, поголемиот број компании веќе се обидуваат да создадат некој вид на „сеф на идеи“, и бараат од вработените да достават предлози за нови производи и бизнис идеи. Понекогаш станува збор буквално за кутија за сугестии поставена во аголот на кантината, а понекогаш се работи за пософистициран метод. Но во секој случај, овој пристап не функционира.

„Искрено, тие се црни дупки. Ќе ја вшмукаат целата светлина и ништо не излегува од нив,“ вели Томас.

Идеите често пати завршуваат на чистилиште, и ниту една одлука не се носи во однос на нивниот понатамошен развој. Јапонската корпорација која работи со L Marks користи поструктуиран пристап со кој вработените пичираат со нивните идеи, а само некои од нив се одбрани да учествуваат во програма која трае 16 недели, преку која треба да развијат минимално одржлив производ.

Слично на ова, во Chemovator, вработените поминуваат низ формална пичинг сесија и доколку се одбрани, учествуваат во формална програма.

„Вработените во BASF секогаш смислуваат идеи, но овие кул идеи често пати умираат бидејќи е тешко да се најде вистински пазар за нив,“ објаснува Лиза Шнајдер, менаџер за иновациски операции во Chemovator. „Сакавме да понудиме место каде навистина ќе ги развиваме тие идеи во одржливи бизниси“.

До сега, во Chemovator, се одржале пичинг сесии за околу 70 идеи од вработените, а од нив одбрани се 10 што треба понатаму да се развиваат. Внатрешните претприемачи добиваат вкупно 24 месеци за да ја развијат идејата. Ако се развие соодветно, новиот производ или услуга или ќе биде вклучен назад во операциите на BASF или ќе се развие во засебна спиноф компанија. Околу 3 од 10 бизниси што се развиваат од кандидатите се спиноф компании, дополнува Шнајдер.

Еден од изненадувачките елементи во BASF е степенот на менторство што им е потребен на вработените за да го совладаат начинот на размислување што соодветствува со основање стартап фирма. Шнајдер се сеќава на првите пичинг сесии на кои идните внатрешни претприемачи ги претставувале своите идеи со презентација од 50 слајдови, полни со технички детали, и ниту едно спомнување на потенцијалните клиенти. На крајот Chemovator креира дводневна работилница на која ги учат идните внатрешни претприемачи како да ги презентираат нивните идеи.

Brisk на Расел исто сака вели дека стекнувањето на начинот на размислување на кој функционира една стартап компанија претставува големо приспособување. „Дојдов и кажав, ајде да ја изградиме фирмата, и Founders Factory рекоа „не“, мораме да се вратиме на почетокот и да го дефинираме проблемот, и да направиме соодветно истражување за клиентите. Се чувствував како да се враќаме назад, но сега сфаќам дека беше важно да се направи тоа,“ споделува Расел.

Тој вели дека дизајнерите во Founders Factory го убедиле, на пример, дека е важно новите клиенти побрзо да почнат да ја користат апликацијата на Brisk, и истовремено да им имаат голема слобода во однос на начинот на кој сакаат да ја користат.

„Ќе имав навистина долг процес на одобрување бидејќи тоа беше начинот на кој бев условен да работам,“ Расел истакнува. „Може да биде навистина тешко ако сте лице кое работело на сениорска позиција во корпорација и одеднаш слушате како други ви велат дека тоа не е начин на работење“.

Различни модели

Програмите за внатрешно претприемништво заземаат многу форми.

Расел ја создаде Brisk како целосно независна компанија надвор од Aviva, и до сега има собрано дополнителни 300 000 фунти за да го развива бизнисот понатаму.

Во меѓувреме, јапонската корпорација ќе ја задржи сопственоста на секоја нова интелектуална сопственост создадена преку програмата за внатрешно претприемништво. BASF планира да задржи удел во компаниите што ќе се создадат како спиноф фирми на Chemovator, но остава и простор за да можат и други инвеститори да се приклучат.

Во некои случаи, програмите за внатрешно претприемништво се третираат повеќе како алатка за обука на вработените.

„Од самиот почеток, L’Oreal зазема многу јасен став, дека сакаат нивните вработени да работат во средина со побрзо темпо и помалку ограничувања и бирократија и потоа да ги искористат стекнатото знаење и врските за да го засилат основниот бизнис,“ вели Норткот.

Еден од вработените на L’Oreal неодамна премина во Founders Factory за да помогне во основањето на влијателна маркетинг компанија и подоцна се врати во L’Oreal унапреден.

„Корпорациите често пати ја гледаат можноста за ротација како начин нивните врвни вработени да стекнат нови видови искуства и да научат нови вештини,“ Норткот објаснува. „Овие големи компании трошат многу пари на регрутација на дипломци и на задржување на нивните врвни вработени. Сега ги губат некои од вработените поради стартап фирми и се почувствуваа дека ако им овозможат на нивните најдобри вработени да работат во стартап фирми некое време, тоа ќе им помогне да ги задржат подолго време“.

Ризикот е дека некои вработени, откако ќе го искусат животот во стартап компанија, можеби нема да се вратат.

Но тогаш, можеби ќе изгубат вработен, но ќе создадат блиска врска со стартап фирма.

Иако Расел одлучи да си замине од Aviva за да сам ја менаџира Brisk, тој си има отидено со благослов од шефот и со чувство дека се` уште го одржува односот со Aviva.

„Не мислам дека ме гледаат како да сум си заминал засекогаш,“ вели Расел. „Една опција е тие да инвестираат во Brisk во иднина, па дури и да ја купат“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -