Вложете во вашите деца со тоа што ќе станат дел од CEED EDU Summer Time

Започнува серијата онлајн настани – CEED EDU Summer Time, каде преку неделни едукативни содржини ќе го приближиме претприемништвото до децата и ќе овозможиме нивно запознавање со концептите на бизнис, време, вредност и пари.

Бидете сигурни дека во овој летен период инвестирате во квалитетно поминато време на вашите деца.

Активностите од CEED EDU Summer Time се наменети за сите деца на возраст од 10 до 14 години, каде преку 3 неделни онлајн средби во траење од 1 час, преку интересна едукативна содржина и вежби, ќе работиме на развојот на нивите креативни потенцијали и афинитети од областа на претприемништвото.

Во прилог ви ја доставуваме предлог програмата за месец јули 2020 год, а доколку има интерес, истата со различни содржини ќе се повтори и во август 2020 год.

Модератор и предавач на првиот од трите настани е Елена Хаџи-Пецова, која на еден лесно разбирлив и интерактивен начин, ќе им го приближи концептот за претприемништво на децата, одговарајќи на прашањата како да ја организираме нашата компанија и како најлесно и најефикасно да соработуваме. Вториот модул на тема „Време“ ќе го води и предава Јован Маџовски, осврнувајќи се на тоа како најдобро да управуваме со нашето време, односно како да најдеме време за сè. Третиот настан посветен на поимите „пари“ и „вредност“, т.е. како да ја идентификуваме вредноста на нештата и оттука како да управуваме со парите, ќе го модерира Николина Стојанова.

Оналјн настаните се од едукативен и интерактивен карактер, во времетрање од 45 минути до најмногу еден час.

Првиот настан го закажуваме веќе следната недела, датум: 16.07.2020  (четврток) од 12:00 до 13:00 часот со користење на платформа ZOOM.

Месечната инвестиција за активностите на CEED EDU Summer Time изнесува 50 €  со вклучен ддв по учесник.

По пријавувањето ќе добиете zoom линк за учество во модулите.

Местата се ограничени! Доколку сакате и вашето дете да биде дел од CEED EDU Summer Time, потврдете го неговото присуство со регистрација на линкот!

Лице за контакт: Даниела Бојкова 075 255 899

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Што претприемништвото може да направи за вас

Започнувањето бизнис и влегувањето во светот на деловните зделки може да биде комплициран и застрашувачки процес, но тоа не е причина да...
- Advertisment -