Влијанието на затворените училиштата врз децата ќе се чувствува со години

Во 2005 год, ураганот Катрина го разори Мексиканскиот Залив, и го одзеде животот на повеќе од 1.800 лица. Како последицата на страшната бура, 372.000 деца беа раселени од нивните домови.

Поврзано:

Повеќе од 100 јавни училишта беа уништени, а тие што не беа, останаа затворени со недели. Откако се повлече водата од поплавата, преместените ученици на крајот најдоа нови училишта, но влијанието на катастрофата сè уште се чувствуваше. Некои деца покажуваа знаци на анксиозност, депресија, и пост-трауматско нарушување предизвикано од стрес долго време по немилиот настан; додека пак едно истражување спроведено 5 години подоцна откри дека повеќе од една третина од тие раселени деца сè уште биле една година зад нивните врсници во поглед на академските остварувања, пишува Wired.

Kатастрофите може да имаат страшни погубни влијанија врз образовните постигнувања и менталното здравје на децата

Очигледно дека тропска бура малку наликува на светска вирусна пандемија. Но со оглед на фактот дека училиштата се затворени за повеќе од 1,3 милијарди деца глобално, природните катастрофи можат да им обезбедат на истражувачите корисни увиди во прашањето што тие, како и затворените родители секаде,си го поставуваат: дали затворањето на училиштата поради појавата на панедмијата на Ковид-19 ќе има долготрајно влијание на децата?

Глобалната пандемија може да предизвика трауматски искуства

Првичните знаци не се охрабрувачки. Студиите за ефектите предизвикани од бури, земјотреси и појави на болести покажале дека катастрофите може да имаат страшни погубни влијанија врз образовните постигнувања и менталното здравје на децата. „Она што го откриваме е дека и покрај тоа што особените карактеристики на опасноста се многу релевантни во однос на закрепнувачкото искуство, човечките влијание се често многу конзистентни,“ вели Лиса Гибс, директор на Програмата за детско здравје и добросостојба Џек Брокоф, при Универзитетот во Мелбурн.  

Гибс ги изучувала емотивните состојби на преживеаните лица од дивите огновиво Австралија во 2009 год, во пожарот познат како „Црна сабота“, и открила дека децата од погодените области имаат полоши резултати во однос на писменост и математика од нивните врсници, години по настанот. „Кога има настан со значителна траума или загуба и тековно нарушување во заедницата, има продолжен период на време кога учењето е погодено,“ вели Гибс. „И додека децата можат да фатат чекор со нивната способност да учат, тие не го фаќаат чекорот во однос на тоа каде се академски, и гледате изменет академски пат што може да има доживотни импликации.“

Еден проблем е постоењето на мал број податоци за продолжените периоди на нарушена настава – дури и по катастрофи, поголемиот дел од децата вообичаено учат повторно во рок од неколку недели

Голем предизвик за истражувачите е да одредат колку од загубата во способноста за учење се должи на затворањето на училиштата, а колкав процент се должи на други фактори како што се преселување или траума.  Еден проблем е постоењето на мал број податоци за продолжените периоди на нарушена настава – дури и по катастрофи, поголемиот дел од децата вообичаено учат повторно во рок од неколку недели. Најочигледниот пример е епидемијата со ебола од 2014 год, што натера да се затворат училиштата за пет милиони деца од Западна Африка во време од 8 месеци – но имаме неверојатно малку податоци за влијанието врз децата. Студијата објавена во 2009 год открива дека студентите во Аргентина кои пропуштиле 90 дена од училиште во 1980те и `90те поради штрајкот на наставниците имале помалку шанси да се стекнат со диплома, а поголеми шанси да бидат невработени, и заработувале 2-3 проценти помалку во просек од оние студенти кои живееле во областите што биле помалку погодени од штрајковите.

„За несреќа, емпириското истражување го потврдува очигледното,“ вели Сан Сим, истражувач соработник во Институт за образование при Универзитетот во Лондон. „Кога луѓето не одат во училиште, не учат толку многу, и што подолго не се во училиште толку повеќе не учат.“

По правило – најмногу страдаат најсиромашните

За време на пандемијата, многу училишта усвоија различни форми на учење на далечина, каде учителите обезбедуваат материјали преку онлајн портали како Google Classroom, или држат предавања преку  Youtube или Zoom. Но доказите дека учењето онлајн е директна замена за училишта се нејасни. И промената кон учење на далечина најверојатно ќе ја поттикне шемата на однесувања што се воспоставува за време на природни катастрофи: оние со економски неповолна позадина често се најпогодените.

Студентите кои доаѓаат од работнички семејства поминувале помалку време на учење во само-изолација, и имаат поголем пад во квалитетот на нивната академска работа

Невозможно е да се знае колку учи едно дете во само-изолација. Но според податоците од анкетата спроведена од Sutton Trust, преку Teacher Tapp (апликација за анкетирање наставен кадар) – учениците во приватни школи во Велика Британија пристапуваат кон онлајн лекции секој ден два пати повеќе од учениците запишани во државни училишта. Слично на ова, студентите кои доаѓаат од работнички семејства поминувале помалку време на учење во само-изолација, и имаат поголем пад во квалитетот на нивната академска работа.

„Имаме одредени податоци кои покажуваат дека 55% од наставниците во најзагрозените области сметаат дека децата добиваат еден саат или помалку образование дневно,“ посочува Лаура МекИнернеј, коосновач на Teacher Tapp. Поверојатно е дека приватните училишта користеле алатки за онлајн настава и пред појавата на пандемијата, и дека побогатите ученици имаат поголеми шанси да располагаат со сопствени телефони, таблети, компјутери, сигурна интернет конекција, и соодветен простор за учење дома. „Гледате во разликата каде половината од децата од приватни училишта посетуваат онлајн лекции секој ден од 9ч до 15ч, додека во државните училишта, истото го прават далеку под 10% од учениците,“ МекИнернеј дополнува.

Училиштата во некои земји како Кина, Франција и Германија почнуваат да се отвораат. Владата на Британија посочи дека се надева полека да ги отвори училиштата за одредени возрасти од 1 јуни, под услов да се задоволени одредени стандарди. Но многу други земји, вклучувајќи ги и Шкотска и Велс, немаат јасен план кога ќе се отворат училиштата. Школите во Италија, Португалија, Њујорк и Калифорнија ќе бидат затворени до септември.

Само-изолацијата ќе им обезбеди на истражувачите нешто што претходно било незамисливо: масовен експеримент за самата улога на училиштата.

Дали е сè толку црно?

Тешко се носи одлука дали училиштата се подготвени да бидат повторно отворени: иако децата покажуваат помалку и поблаги симптоми на Ковид-19, сè уште немаме конечен доказ за нивната улога во ширењето на вирусот меѓу домаќинствата. Секое ново отворање на школите мора да го земе предвид целокупното општество, ризиците по однос на образованието на децата, и по однос на економијата, бидејќи затворените училишта ги спречуваат родителите да се вратат на работа.

Барем во одредена смисла, само-изолацијата ќе им обезбеди на истражувачите нешто што претходно било незамисливо: масовен експеримент за самата улога на училиштата. „Најголемото прашање ќе биде – дали губитокот во учењето е толку голем колку што мислиме? Не можеме да знаеме и нема да дознаеме барем уште некое време,“ вели МекИнернеј.

„Инаку, големото философско прашање е: до која мера училиштата ја олеснуваат економската продуктивност на возрасните, во однос на учењето на децата?“ Односно, што ако губитокот во учењето не е толку лош како што очекувавме, и децата во суштина имаат корист од некои карактеристики на само-изолација, како на пример понасочено внимание еден-на еден, и време поминато со родителите? „Знаеме дека училиштата се всушност клучен, но мал ден од разликата во исходите кај децата,“ објаснува МекИнернеј. „Штоа ако, за три или четири месеци, нема да има толкава разлика како што мислиме сега?„

 „По Катрина се соочивме со многу проблеми: луѓето пријавуваа дека патат од депресија, покажуваа симптоми на анксиозност, симптоми на пост-трауматски стрес.“

Какви и да се влијанијата на пандемијата врз образованието, барем тие ќе се споделуваат низ сите општества. Но најлошото влијание на болеста ќе се концентрира на малкуте одбрани. Во овој момент, најмалку 265.000 луѓе низ целиот свет го изгубиле животот поради Ковид-19, а голем дел од нив ќе биле баби и дедовци, родители, наставници, пријатели..

„Постојат развојни разлики во однос на тоа како жалта и губитокот влијаат врз децата, и како тие ги разбираат нив,“ објаснува Џој Ософски, професорка по педијатрија, психијатрија и јавно здравје во Центарот за здравствени науки при државниот универзитетот Луизијана, во Њу Орлеанс. Таа го поминала поголемиот дел од кариерата во изучувањена влијанието на катастрофите врз децата, од Катрина до Фокушима. „По Катрина се соочивме со многу проблеми: луѓето пријавуваа дека патат од депресија, покажуваа симптоми на анксиозност, симптоми на пост-трауматски стрес,“ истакнува таа. „Особено кај малите деца, предшколските деца, тие покажуваа екстремни емоции и однесување, и не сакаа да се одделат од нивните родители.“

Еден клучен знак што е вистински проблем за децата и нивното ментално здравје е регресија, односно покажуваат однесувања што се очекуваат од помали деца. „Кај помалите децата може да се јави мочкање во кревет, или општи проблеми со одење во тоалет. Може да се јават и паузи во говорот, и можат да станат повлечени или тешки за справување. Може да има и потешкотии со спиењето,“ додава Гибс. „Различно е во голема мера. Но е сосема нормално да имаат реакција на една ненормална ситуација.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -