Вистинските зборови за инспирaција на вашиот тим

Како лидер на организација, група, или проект, едно од вашите задолженија е да го инспирирате и поттикнувате вашиот тим низ различни видови таргетирани комуникации, вклучувајќи излагања во живо, мејлови, видеа, пораки на „чат“ и презентации. Овие комуникациски можности се клучни. Според експертот за лидерство и поранешен извршен директор Даглас Конант вели: „Дури и кратка интеракција може да го смени начинот на кој луѓето размислуваат за себеси, нивните лидери, и иднината“, пишува Џоел Шварцбергер, одговорен за извршните комуникации во голема меѓународна непрофитна организација, професионален обучувач за јавно говорење и автор на книгата Get to the Point! Sharpen Your Message and Make Your Words Matter.

Но, кога лидерите самите ги креираат тие пораки, некои стари навики тешко умираат, а голем број од нив незнаејќи одбираат зборови што пренесуваат помалку посветеност отколку што имале намера. Користењето послаби зборови го намалува импактот на лидерот и ја ослабува неговата способност да инспририра. Оваа слабост подобро се покажува од што се објаснува, па предлагам да искористите три лингвистички тактики што ќе ви помогнат поточно и помоќно да го кажете тоа што го мислите и да го мислите тоа што го кажувате.

Одберете го највредниот глагол

Подолу се шест пара зборови што изгледаат како да можат да си ги заменат местата, но не би требало да се гледаат на тој начин. Едниот е точна претстава за напорот, а другиот е погрешно толкување или помалку инспиративно пренесување на тој напор.

Овозможува наспроти дозволува. Ако вашиот напор произвел резултат, вие активно сте го овозможиле тоа. Ако едноставно сте отстраниле пречка, тогаш само сте го дозволиле тоа.

Пример: „Иновацијата во корисничката услуга и` овозможи (не и` „дозволи“) на продавницата да продава повеќе индивидуализирани производи.

Спречува наспроти одбегнува. Ако вашето дејство сопрело нешто погубно да се случи, тогаш сте го спречиле тоа, но ако само сте поместиле нешто од патот на опасноста или сте го ставиле вон опасност, тогаш едноставно сте го одбегнале.

Пример: „Мора да ја спречиме (не „одбегнеме“) кризата со домувањето за луѓето и семејствата“.

Делува наспроти пристапува кон. Ако сте презеле намерни мерки да дејствувате врз основа на некое прашање, тогаш сте делувале врз него, но ако едноставно сте ја разгледале ситуацијата, тогаш само сте пристапиле кон неа.

Пример: „Делувавме врз основа на (не „пристапивме кон“) сериозниот импакт на сиромаштијата во овие заедници“.

Одговара наспроти реагира. Ако некоја ситуација е поттикната од некакво дејство, тогаш одговарате на неа, но ако прашањето е поттикнато од емоција, тогаш едноставно сте реагирале на него.

Пример: „Веднаш одговоривме (не „реагиравме“) со санација на струјниот дефект“.

Преброди наспроти соочи. Ако успешно сте надминале некоја пречка, тогаш сте ја пребродиле, но ако само сте се сретнале со пречката или сте стоеле цврсто на земја, тогаш само сте се соочиле со неа.

Пример: „Пребродивме (не „се соочивме со“) системски предизвици“.

Постигнува наспроти задоволува. Ако сте постигнале некоја цел, имплицирате дека сте го достигнале тој статус како директен резултат на вашиот напор, но ако едноставно сте стигнале до целта, тогаш само покажувате дека технички сте го достигнале прагот, најверојатно преку некоја несреќа, околност, или гравитација.

Пример: „Воодушевен сум што ги постигнавме нашите најамбициозни цели годинава“.

Не „споделувајте“

Како дете ве учеле да споделувате или делите, но „споделувањето“ не значи секогаш целосна грижа кога се работи за лидерска комуникација. Бизнис лидерите обожаваат да „споделуваат“ идеи на состаноци, на мејл, на социјалните медиуми, и во разговорите. Но што навистина правите кога „споделувате“?

Кога го користите зборот „споделува“ во деловна средина, давате сигнал за надеж во тој момент дека вашата публика интуитивно ќе ја разбере вредноста и целта на споделувањето.

Но тој товар, кога додавате важност на вашата поента, треба да падне на вас, не на вашата публика.

Па што е подобро од споделувањето? Продавањето. Кога продавате идеи, додавата цел за да го зголемите вашиот импакт. Можеби не сакате буквално да кажете „дозволи ми да ти продадам идеја“, но сакате да „предложите“, „сугерирате“ и „препорачате“ идеи.

Овие термини ги нарекувам „зборови со моќ“ бидејќи ве тераат да давате аргументи и да се обврзете на тоа што го зборувате. Веќе не се расфрлате со мисли и не се надевате на најдоброто, туку препорачувате идеи и ја оценувате нивната вредност, а тоа е токму тоа што лидерите треба да го прават кога комуницираат со други.

Примери:

„Предлагам (не споделувам) идеја што ќе го направи процесот поефикасен“.

„Сугерирам (не споделувам) ново лого што подобро ја пренесува пораката на нашиот бренд“.

„Препорачувам (не споделувам) кампања што може да ја направи нашата работна средина поразновидна“.

Ревидирајте го користењето на „и“

Зборот „и“ може да делува како корисен начин да се додадат детали во една единствена реченица или поента, како што можеби се додаваат украси на новогодишна елка, но елката може да падне од тежината на премногу украси, и вашите поенти може слично на ова да бидат саботирани.

Погледнете ја оваа реченица:

„Ефективниот и ефикасен пристап ќе ја извести и инспирира нашата најважна и најрелевантна публика за да го сака и цени нашиот бренд“.

Сега направете ревизија на употребените „и“, исфрлете ги помалку важните и повторливи описи:

„Овој ефективен пристап ќе ја инспирира нашата најважна публика за да го цени нашиот бренд“.

Реченицата со помалку описни елементи и помалку содржина е поефективна. На почеток ова може да изгледа спротивно на интуицијата, но проблемот со повеќекратните идеи е дека тие се борат една со друга за внимание, што на крајот го слабее влијанието на секоја од нив. Користењето на „и“ е некој вид дозвола за тие конфликти.

Претходно годинава, правев ревизија на „и“ во многу важен говор на една извршна директорка и најдов пет места во текстот каде можевме да споиме две идеи во една. Во поглемиот број случаи, зборовите што ги исфрламе никогаш не недостасуваат бидејќи тие биле одвишок или додавале мала вредност. Таквите зборови исто така имаат малку шанси да бидат запомнети од вашиот тим. Процесот на елиминација создаде не само подиректна поента, туку и полесна реченица за изговарање.

Овој совет не значи дека треба да го протерате „и“ од вашиот лексикон, како јаглехидрати од вашиот режим на исхрана. Само сфатете ги како знаменца што ви сигнализираат да го процените нивното присуство во текстот. Запрашајте се себеси колку многу ви се потребни повеќекратни описни елементи во една поента или реченица, знаејќи дека дури само еден збор значи повеќе когнитивна работа за вашата публика.

На крај, публиката поактивно одговара на големите поенти отколку на малите зборови, но промислените лидери треба да ги преиспитаат обете, знаејќи дека што помоќни се претстават пред другите, дури и на мали начини, толку е поголем нивниот имапкт врз луѓето кои се надеваат дека ќе ги инспирираат.

Извор: Harvard Business Review

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -