Вештачка човечка кожа што може да чувствува создадена во Сингапур

Научниците од еден од најреномираните универзитети во Сингапур објавија дека создале електронска кожа која може да се користи на роботи и на протетски помагала, со цел создавање чувство на допир кое е многу слично со човечкото искуство. Научниците велат дека вештачката коже дури може да биде и поосетлива, пишува Ал Џезеира.

Електронската кожа, позната под името „Асинхрона кодирана електронска кожа“ (Asynchronous Coded Electronic Skin), е составена од мрежа од поврзани сензори, и е наменета за луѓе и за поставување на роботи, за да овозможи чувство на бол, температура, облици и текстури, тврди тимот научници од Националниот универзитет во Сингапур, кој на овој проект работел година и пол.

Идејата потекнува од филм

Тимот истражувачи напоменува дека се отвора големо поле на примена на електронската кожа кај лица кои изгубиле некои од екстремитетите. Протетските раце или нозе можат делумно да ги надоместат моторните функции, но не и чувството на допир. Токму во овој дел шанса за примена има електронската кожа. Благодарение на овој изум, хендикепирани лица ќе можат повторно да ја почувствуваат цврстината на предметот што го држат, неговата температура, текстура и слично.

Идејата за овој производ научниците ја добиле од филмот „Империјата го возвраќа ударот“, кога Лук Скајвокер ја губи десната рака која ја заменува со роботизиран екстремитет, но со чувство на допир.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Македонската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот со национален...

Десет македонски компании, кои заеднички изложуваат свои производи на националниот павиљон, оваа година учествуваат на дигиталното издание на Хановер Месе, пренесува бизнис...
- Advertisment -