Вештачката интелигенција ја прави индустријата за убавина поинклузивна и разнолика

Атима Лиу беше ученичка во основно училиште кога првпат научи дека „(голиот) акт“ не е универзален. Сега има 30 години и се сеќава како си играла со шминките на нејзината другарка белкиња и не можела да ги најде боите што ќе одговараат на нејзиниот темен тен. „Се обидував да ја нанесам нејзината шминка, а тоа правеше да изгледам како кловн,“ вели Лиу која има суданско и африканско-американско потекло. „Размислувам како растев и како мајка ми едвај носеше шминка. Сега знам дека не носела бидејќи шминката не беше направена за неа“.

Козметичкиот пејзаж долго време беше непријателски терен за сите кои беа на погрешната страна на бежовите нијанси. Пред Ријана да ја понуди на пазарот нејзината револуционерна линија Fenty Beauty со 40 нијанси на пудри во 2017 година, што пак ги натера конкурентните брендови да ги направат нивните палети повеќе разнолики или да се справат јавно негодување, луѓето со потемна кожа имаа неколку достапни опции што одговараат и го подобруваат нивниот тен.

Со напредна технологија до посигурен избор

Но она што Ријана до сега го направи за да се најде решение за изборот на нијансите на пудрите, Луи сега се надева дека ќе го направи со усогласувањето на боите – наоѓањето на совршената нијанса на шминка вообичаено се препушта или на погодување или на вработените кои работат во продавниците на големите брендови. Со нејзината нова компјутерска алатка – Nudemeter, корисниците едноставно поставуваат слика од себе, пополнуваат прашања што изгледаат како краток квиз, и алгоритмот дава предлози за производите што најдобро одговараат на нијансата на тенот на вашата кожа.

Луи првпат дојде до оваа идеја во 2016 год, за време на нејзината последна година на факултетот за бизнис на Харвард. Таа размислувала за алатка што може да ги охрабри купувачите со потемна кожа да купуваат на начин кој може да ја подобри нивната самодоверба. „Се вратив во времето кога бев црна жена која расте во мал град во Канзас, која не се чувствува убава, не се чувствува дека е стандард на интелигенција, не се чувствува доволно добра,“ објаснува таа. „Убавината е потценета како извор на моќ во светот“.

Но, развивањето на апликацијата не беше лесен потфат. Светот на технологијата што се развива во насока на препознавање на лица е исто толку виновен за пристраноста околу лицата со светла кожа, колку што е и самата индустрија за убавина. Истражување спроведено од универзитетот МИТ, во САД во 2018 година, на чие чело стоеше Џои Буламвини, основачот на Праведната алгоритмичка лига, открива дека системите на комерцијалната вештачка интелигенција имаат стапки на грешки што можат да одат до 35% кога ги идентификуваат карактеристиките на жените со потемна кожа, споредено со помалку од еден процент стапка на грешки за мажите со светла кожа. Оваа дискрепанца се припишува на сетови податоци што „во голема мера се составени од учесници со светла кожа“.

За да го избегне овој проблем, Луи требала да го истренира нејзиниот алгоритам со слики што поточно го претставуваат спектарот на тонови на кожа, од најбледи бели до најтемни кафени. За оваа цел, таа објавила повици со кои охрабрила доброволци со секакви нијанси на тонови на кожа да и` достават нивни фотографии за да помогнат во нејзината мисија „да се промени стандардот за убавина за да се усогласи со целиот спектар различни човечки кожи“. Откако ја состави датабазата, ги исконтактира Мајкл Браун и Махмуд Афифи од Универзитетот Јорк во Торонто чија специјалност е анализа на боја и дигитално процесирање слики за да биде сигурна дека алгоритамот може да дојде до вистинскиот тон на кожата на корисникот, без разлика на уредот со кој се користи апликацијата или условите во кои е сликана фотографијата.

„Нашите телефони се наменети да создаваат прекрасни слики, не слики со точни мерења на боите…што го прави предизвикот на којшто работам уште толку потежок,“ вели Лиу. „Се работи за користење на вештачка интелигенција за да се предвиди бојата на реалната сцена што е претставена на сликата, а не всушност да се мери бојата од пикселите“.

Апликацијата веќе го има привлечено вниманието на некои брендови

Потенцијалот за оваа технологија е забележан. Во 2018 година, гигантската компанија за убавина Coty, чии брендови ги вклучуваат Rimmel, Max Factor и Kylie Cosmetics, ја наградија апликацијата со највисоката премија од нивната Програма за дигитална акцелерација на стартапи, и и` помогна на Луи да креира порафиниран алгоритам кој можеше да го тестира. Минатата година, Spktrm Beauty – независен бренд кој таргетира купувачи со потемна кожа стана првата компанија што го користи „мерачот на тенот“ на нејзиниот вебсајт, и во мај годинава, трикотажната компанија Nude Barre ја претстави апликацијата пред нивните купувачи за да им помогне да ги одберат соодветните нијанси на хулакопки и хеланки.

Во однос на иднината, Луи се надева дека ќе оствари поголем раст во поглед на усогласувањето на боите, но таа исто така гледа дополнителен потенцијал во технологијата. „Мислам дека има моќ кога се користи во различни прилики како нанесување шминка онлајн за да видите како таа ќе изгледа на вас, или при пробување очила онлајн, па дури и при подобрување на филтрите на Инстаграм“, вели таа. „Станува збор за тоа корисниците да се чувствуваат дека се видени, дека се убави и дека им е забавно“.

Исто така, таа размислува еден ден да го сподели сет податоци што веќе ги има собрано (што е во нејзина сопственост) со други компании што имаат амбиции да создаваат поинклузивни технологии на вештачка интелигенција и да се борат со постоечките предрасуди. Но во меѓувреме, нејзиниот приоритет е да го рафинира и предизвикува алгоритмот на Nudemeter да биде уште поинклузивен.

„Навистина сум горда на тоа колку добро мојата технологија може да ги измери тоновите на кожата, нијансите и разликите помеѓу жените со темна кожа… Но како технологијата ги чита лицата на луѓето со витилиго? Што станува со луѓето кои се ќелави или се соочуват со косопаст? Што станува со луѓето кои имаат повеќе од 70 години и можеби имаат многу брчки?,“ вели таа. „Работата на создавањето инклузивна и репрезентативна технологија никогаш не е готова“.

Извор: The Wired

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -