Вашиот бизнис може да ја преброди здравствена криза и да биде посилен од порано

Светската здравствена криза предизвика огромни прекини во глобалната економија, и голем број компании низ светот беа сериозно погодени од последиците предизвикани од Ковид-19. Ново овие кризни времиња, некои бизниси покажаа иновативност што може да инспирира, пишува entrepreneur.com.

Поврзано:

Во текот на изминатите две недели, американскиот произведувач на автомобили – Форд, иновираше и прозиведе 2,4 милиони штитови за лице за медицинскиот персонал, а успеа да го собере сировиот материјал, да ги пренамени производствените капацитети и да ги организира работниците во еден викенд. Британската технолошка компанија Dyson, успеа да произведе вид вентилатор за десет дена, додека француската модна куќа Louis Vuitton неодамна најави дека производството на парфеми ќе го пренамени во производство на средство за дезинфекција на раце.

Што може сопственик на еден бизнис да научи од ваквиот начин на брзо размислување што може да се забележи кај овие компании, и како  да излезе здравствената криза уште од посилен? Подолу се наведени 5 совети како вашиот бизнис да ја преброди пандемијата и како да стане уште посилна фирма од пред почетокот на кризата.

1. Зборувајте со вашите клиенти и слушајте ги

Без разлика дали сте сопственик на ресторан или пак водите онлајн бизнис за електорнска трговија, земете го телефонот в рака и јавете им се на вашите муштерии, еден по еден. Прашајте ги како се, но уште поважно, прашајте ги дали им треба нешто во моментов.

Ако сте сопственик на ресторан, прашајте ги вашите муштерии како се снабдуваат денес со храна. Дали нарачуваат преку интернет или готват дома? Денес, повеќе од кога било, сопствениците на бизниси треба да одржуваат блиски контакти со нивните клиенти, да бидат внимателни и да најдат начин барем делумно да ги задоволат нивните потреби. Пазарот се промени, и важно е да имаме отворен ум и да ги разбираме потребите на муштеријата што бргу се менуваат.

Бизнис

2. Барајте можности

Неколку ланци на ресторани во САД почнаа да се бават само со достава, и брзо создадоа начини на безконтактни можности за достава, како и онлајн менија. На пример, Coupa Cafe, основано на Универзитетот Стенфорд, почна да води онлајн бизнис со намирници, и да испорачува храна од неговите добавувачи директно до клиентите.

Но иновациите и пионерството не се екслузивни карактеристики само на стартап компаниите. Во критични времиња, како ова сега, бизнисите мораат да се навикнуваат на промените и самите да трпат промени на еден агресивен начин. Денес е најочигледна исклучитлено силната потреба кај потрошувачите да набават храна, медицинска нега и основни намирници.

Можеби тие не можат да излезат во јавност и да ги набават наведените работи физички, но постојат различни методи на испорачување производи и услуги, што можат да се обават без контакт и на иновативен начин.

3. Скратете ги расходите и направете план за следните 6-12 месеци

Според внимателни претпоставки на некои бизнис експерти, кризата предизвикана од Ковид-19 ќе трае подолго од два месеци. Секако, сопствениците на бизниси ги намалуваат расходите и штедат на резервите во кеш. Можете да преземете неколку работи, како на пример:

А) одново преговарајте ги условите под кои ви е издаден просторот, претплатите за софтверски алатки и нарачките од добавувачките ланци.

Б) обратете се до вашата банка и зборувајте за можен компензациски план или преговарајте ги условите за нов заем. Не морате да го искористите веднаш, но би ви бил од помош ако ситуацијата се одолговлечи.

Подобро е да почнете со планирање рано и да предвидите дека ситуацијата ќе трае до 2021 година. Ова ќе му помогне на вашиот бизнис да биде во здрава финансиска ситуација во месеците што доаѓаат.

Бизнис

4. Споделувајте ги вашите вредности и останате им доследен

Во тешки времиња како овие, постои потреба лидерите да се организираат и да ги споделуваат нивните вредности. На пример, извршниот директор на Visa им вети на неговите вработени дека оваа година нема да има отпуштања. Исто така, извршниот директор на онлајн платформата Zoom, Ерик Јуан, бесплатно го даде на користење неговиот софтвер за видео конференции на сите училишта во Америка.

Ова е можноста сите бизниси, мали или големи, да се сконцентрираат на нивните вредности и мисија. Џек Ма од Alibaba често зборува дека фокусот треба првично да се насочи кон клиентите, потоа кон вработените и на крај на инвеститорите, и како сака да ја охрабри неговата компанија да опстои повеќе од 102 години со тоа што неговиот тим ќе го насочи и мотивира да работи на вистинската мисија.

5. Направете план од 12-18 месеци за иднината

За несреќа, оваа криза ќе се влече уште многу, многу месеци. Дури и во најдобар случај, се очекува вакцината да биде готова за барем уште една година.

Бизнисите треба да имаат стратегија за следните 12 до 18 месеци, па и за 2021 година. Ова не е време за краткорочно размислување или за гаење надеж дека работите ќе се подобрат во блиска иднина.

Со долгорочните планови, би требало да почнете да ги штедите резервите на средства во кеш, да добиете компензациски план од вашата банка и да бидете транспрентни пред вашите вработени, инвеститори и клиенти. Ќе треба да изнајдете стратегија за тоа како ќе излезете од сегашната ситуација посилни, со тоа што ќе имате отворен ум, и ќе бидете храбри во поглед на воведувањето иновации и да бидете пионери на пазарот за вашите нови прозиводи или услуги.

Во последните 15 години, Тесла има сè поголем удел на пазарот и го зафаќа местото на Форд со тоа што е предводник во полето на иновациите и дизајнот на електрични автомобили.

Во текот на еден викенд во екот на кризата, сепак, дури и во екот на вртоглавото опаѓање на продажбата на автомобили, Форд успеа брзо да иновира и да произведува штитови за лице. Форд воведе нови правила, процесот на носење одлуки го препушти на секторите и ја исфрли хиерархијата низ врата. Под притисок на моменталната атмосфера, Форд успеа да воведе иновација со темпо кое го немал во последната декада.

Во истиот дух, бизнисот на маалско кафуле, па сè до хотелски ланец, може да ја искористи можноста да се поврзе со муштериите и клиентите и за да се позиционира на пазарот за средината која ќе настапи по кризата.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -