Британската EasyJet ќе почне со редовни летови во јуни

Најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Британија, EasyJet, соопшти дека ќе започне со работа на 15 јуни – со воведување на мерки за заштита со цел намалување на ризикот на кој се изложени патниците, пренесува Independent. 

Поврзано:

Оваа компанија ги приземји сите вработени во средината на Март. Авиокомпанијата вели дека ќе работи со намалена патничка мрежа и првенствено со домашни летови од средина на Јуни, кога поголем дел мерките низ Велика Британија ќе бидат тргнати. EasyJet ќе започне со летови за кои верува дека би имало доволно голема побарувачка.

Ќе се работи со намaлен број на летови

Летовите ќе бидат поретки, додека картите ќе бидат поскапи од обично. На првиот работен ден закажан е еден лет помеѓу Единбург и Лондон – Гетвик, наместо петте лета кои обично го исполнуваат распоредот. Летот во една насока чини 93 фунти, што е два пати поскапо од нормалната цена на летот кога се букира 25 дена однапред.

Цената на летот помеѓу Бристол и Белфаст на 15ти јуни е 88 фунти. Од 1 јули многу поголем број на летови ќе бидат достапни, и цените на летовите ќе паднат. Од Лутон до Белфаст на првиот ден од месецот, по три летови во еден правец ќе бидат достапни по цена од 23-25 фунти.

Манчестер исто така ќе се приклучи на авио мрежата на 15 јуни, со тоа што летовите до Амстердам ќе бидат по цена од 21 фунти во еден правец.

Авиокомпанијата воспоставува мерки со кои патниците и екипажот ќе мораат да носат маски, и ќе ги засили процедурите за чистење и дезинфекција. На почетокот нема да се служи храна на летовите.

Авионите се спремни за полетување

Подготовката на авионите за безбеден лет е процедура што авиокомпанијата смета дека би одзела околу 2 недели. Претставници на компанијата велат: „За време на карантинот, нашиот екипаж беше приземјен, но авионите активно се одржуваа како да е сè во најдобар ред, со цел да се овозможи брзо враќање на авионите на небо.“

Извршниот директор, Јохан Лундгрен изјави: „Се преземаат мали и претпазливо испланирани чекори за да се вратиме на работните места.“

„Ќе продолжиме со внимателно следење на ситуацијата низ Европа со цел кога ќе се тргнат рестрикциите, да може да се започне со работа и да се следи тековно побарувачката на пазарот.“

Ryanair и British Airways летаа и за време на пандемијата, но со многу редуциран број на летови. Овие компании планираат целосно да започнат со работа во Јули, но владата на Велика Британија може да влијае на овие одлуки.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Како да бидете лидер кој вработените го почитуваат

Само што сте го вработиле совршениот работник. Неговата или нејзината целокупна деловна моќ е голема колку и неговото или нејзиното функционално знаење....
- Advertisment -