Брзи совети за преморени мајки

Во денешно време сите се премногу зафатени, но ако сте мајка која работи полно работно време, слободните мигови стануваат апстрактна именка. Непобиен факт е сознанието дека одморот им е најмногу потребен на мајките, и дека колку и да уживаат општествени удопства во развиените земји, но сите мајки во светот во приницп не се чувствуваат добро одморени. Мајките кои работат,  покрај професионалните обврски, го носат и теретот да се сетат на сѐ што треба да се направи во текот на денот – од пуштање машини за перење алишта, до правење список за намирници од супермаркет, до водење сметка што конкретно му треба на нејзиното дете во текот на денот… 

Но, дури и најзафатената мајка може да создаде т.н. џепчиња простор за одмор, дури и во најхаотичниот ден. Овие мали парчиња време ќе ви дозволат ем да се грижите подобро за другите, ем да си дозволите да се грижите и за себе. Дури и „прозорец“ од 15 минути може да го има ефектот на цел саат одмор и крие во себе огромен креативен и конструктивен потенцијал. Затоа, за да не „прегорите“, прочитајте ги советите во прилог како би си дозволиле барем малку растеретување во текот на работниот ден.

Поминете доволно време во спиење 

Ако немате други обврски или задачи да исполните, дајте му предност на спиењето, бидејќи тоа е најважно. Ако не сте доволно одморени, ќе се „влечкате“ цел ден и така ќе потрошите драгоцено време на ништо конкретно. Закажете си го времето за спиење како што ја закажувате секоја друга активност и легнете си рано за да можете да функционирате добро следниот ден. Важно е и вашите деца да го знаат точното време за легнување и да се придружуваат до тоа правило. Така, времето е најкорисно искористено.

Нека работното време ви стане стандардно

Пред да се обврзете да ја прифатите новата работа, разговарајте со шефот за вашите очекувања во однос на работните саати. Животните обврски и проекциите за работното место ќе се испрепрелетуваат, така што, одвреме навреме проверувајте дали овие два аспекти се синхронизирани. Оваа постапка ќе ви овозможи, во случај шефот да ве малтретира со мејлови по работното време, да донесете посигурна одлука дали ќе му ги уважите молбите или не. Идеално е, како мајка која работи, да не ги делите вечерите и викендите со работните обврски туку исклучиво да се посветите на вашето семејство.

Прифатате ја моќта на кажаното „не“

Не мора да сте присутни на секоја родителска средба или состанок со одборот на родители, или да сте ангажирани во подготовките за следната екскурзија, или секогаш вие да ги носите другарите на вашето дете на тренинг. Некогаш, кажувањето „не“ бара вистински умствен напор, но тоа е вештина која ви ослбодува време до кое инаку немате пристап. Уште повеќе, и вашите деца учат од овој пример, односно го усвојуваат сознанието зошто е важно да се поставуваат граници. 

Поставете цели кои можете да ги остварете

Секоја листа на обврски е бескорисна ако е премногу амбициозна. Мајките кои одат на работа не се суперхерои и не ни треба да се трудат да бидат. Направете ги вашите дневни планови и обврски реални и достигливи. И запомнете, секогаш можете да остварите повеќе ако имате повеќе време за тоа. 

Photo credit: parentcircle.com

Не се ни обидувајте да правите повеќе работи истовремено

Луѓето остваруваат подобри резултати кога нивното внимание е фокусирано на една единствена работа. Кога сте на работа, не трошете време на секирации што ќе подготвите за вечера. Додека му помагате на вашето дете да ја напише домашната, не праќајте пораки на другарките за утрешниот состанок, или не му составувајте листи на сопругот што треба да купи од продавница.

Ослободете се од поривот да бидете совршени

Совршенството не постои, оттука, логичен заклучок е дека не можете да го постигнете. Наместо опсесивно да ја чистите и онака исчистената куќа, или да целите кон недофатливи идеали како на пример да бидете „совршена мајка“, или да го имате „совршеното тело“, смислете како попрактично да си го исполните времето. Многу е важно да сте свесни дека обврските на другите се обврски на другите, а не ваши. Не им се мешајте на децата, сопругот или колегите во начинот на кој прават нешто, оставате им го просторот самите да ги завршат сопствените обврски.

„Симнете“ се од интернет

Отворањето веб страници и „висењето“ по социјални мрежи е активност која зазема огромен дел од времето, како за родителите така и за децата. Невина мала пауза може да се претвори во саати од потрошено време на комплетно безпотребни нешта. Повторно, воспоставете граници колку време вие и вашите деца ќе поминувате пред телефонските екрани, и кога ќе измине последната минута, тргнете се од интернет со смирена глава и чувство на релаксираност. 

Дозволете си да се забавувате

Луѓе кои се постојано под стрес ја губат способноста да бидат продуктивни. Секој треба да се почувствува опуштено, а најмногу така треба да се чувствуваат мајките кои одат на редовна работа. Создадете време за краток, неколкудневен одмор, продолжени викенди, и не заборавајте да го вклучите семејство во забавните активности. Ова ќе ви помогне да бидете присутни во што и да правите, да се чувстувате радосно и исполнето, што пак ќе ве направи попродуктивни. 

Практикувајте јога или медитаицја

Свесноста за светот околу вас и луѓето кои ве опкружуваат ќе ви дозволи полесно да се зафаќте со различни обврски и ангажмани. Активности како јога или медитација помагаат да го одржите фокуст, што е исто така фактор во личната продуктивност. Одберете ја таа техника која најмногу ви одговара и вратете се назад кога ќе забележите дека ви „бега паметот“.

Делегирајте 

Особено е важно да научите кога е вистинскиот момент некој друг да се справи со одредена задача, наместо да имате став дека работата побрзо ќе се заврши ако вие се ангажирате. Да ја предадете вашата контрола на друг е тежок чекор, но е неопходен потег за да можат и другите да имаат придонес во задачата. Делегирањето не значи дека треба да признаете пораз, напротив, тоа ви дозволува да го искористите максимумот од потенцијалите на вашите колеги, соработници или членовите на вашето семејство. 

Ако се придржувате до овие совети ќе имате време да направите сё што сте си зацртале, а ќе добиете и слатки моменти на слобода само за себе. Сё што треба да направите е да ги примените овие мали умни правила и да ги вметнете во вашата секојдневна рутина. А кога ќе станете вистински свесни дека сте создале слободно време, тогаш искористете го за нешто прекрасно. И за крај, не заборавајте да бидете љубезни кон самите себе, го заслужувате тоа. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -