Бил Гејтс предвидува каква ќе биде 2021 год

Бизнисменот, компјутерскиот инженер и филантроп, Бил Гејтс и претходно сподели сопствени предвидувања во јавноста и најави дека не` очекува здравствена криза како оваа со која се соочуваме сега, предизвикана од Ковид-19. Подоцна, тој успешно погоди кои фармацевтски куќи први ќе почнат да дистрибуираат вакцини. Слично на овие предвидувања, тој сподели и претпоставки кога ќе заврши пандемијата и кои промени ќе го одредат нашето живеење и во период по Ковид-19. Со почетокот на новата година, тој веднаш објави и како ќе изгледа 2021 год, и не сите предвидувања даваат надеж, пишува Entrepreneur.

Ко-основачот на Мајкрософт објави статија на неговиот блог насловена како „Овие унапредувања ќе ја направат 2021 год подобра од 2020та“ во која ги објаснува и анализира научените лекции од претходната година, но наведува и реални очекувања за годината што не` чека.

Првите месеци од 2021 год ќе бидат тешки

Според некои дигитални модели, се` уште сме во кризен период и следните неколку месеци можат да бидат најсмртоноси во поглед на бројот на заразени лица со Ковид-19, особено поради фактот што компетентните институции мораат да научат повеќе за новата варијанта на коронавирус што неодамна се појави „што изгледа дека се шири побрзо, но не е посмртоносна“.

Гејтс предупредува дека проблемите предизвикани од Ковид-19 ќе продолжат да бидат дел од политичките агенди низ целиот свет. Всушност, според него, поголемиот дел од времето на светските водачи во 2021 год ќе се помине во дискусии за коронавирусот, но и за климатските промени.

Дистрибуцијата на вакцините против Ковид-19 ќе биде огромен предизвик

Иако пристигнувањето на вакцините претставува голем чекор напред што овозможи чувство на надеж за целиот свет, еден од најбогатите луѓе на планетата предупредува дека масовното производство и дистрибуција на вакцините ќе биде огромен предизвик за некои земји.

„За несреќа, се` уште нема голем број фабрики каде можете да создадете производи од една верига од РНК. Некои од вакцините мора да се чуваат на ниска температура, како – 70 С, што значи дека дистрибуцијата во земјите во развој е особено проблематична, иако ова повеќе претставува инженерски предизвик отколку научна бариера,“ Гејтс истакнува во статијата.

Добрата вест, според него, е дека ќе има значителни промени во начинот на кој земјите спроведуваат тестирање, а тоа значи поевтини и брзи тестови.

Нема се` да биде толку мрачно, има ронка надеж

Со оглед на погорекажаното, претприемачот сепак упати порака за надеж: човечките битија никогаш не напреднале повеќе во поглед на која било болест отколку во годината на Ковид-19, и во оваа смисла 2021 год ќе биде година на надеж.

„Сепак има две главни причини поради кои можеме да гаиме надеж. Првата е дека маските, социјалната дистанца и друг вид интервенции можат да го забават ширењето на вирусот и да спасат животи додека да се воведат вакцините,“ пишува тој во статијата.

Втората причина за оптимизам е дека „пролетта 2021 года, вакцините и третманите за кои читаме во вестите ќе почнат да достигнуваат размер со кој ќе можат да предизвикаат глобално влијание“. Сепак, некои ограничувања се` уште ќе бидат неопходни, но бројот на новозаразени ќе почне да се намалува во голема мера, „барем во богатите земји“, и животот ќе биде поблизок до нормалата што ја познаваме.

Гејтс верува дека по една година од сега „ќе можеме да се осврнеме на минатото и да кажеме дека 2021ва беше подобра од 2020 год. Промената можеби не е голема, но сепак е чекор нанапред, исклучителна и мерлива за луѓето од целиот свет,“ заклучува тој.

Неодамна објавената статија не е првпат Бил Гејтс да се осмели да предвиди што ќе се случи во следните неколку месеци од годината. Тој е обично во право во неговите предвидувања, така што голем број релевантни лица и организации внимателно ги следат неговите зборови.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -