Бизнисите мора да вложат екстра напори да се справат со друга пандемија: борбата со ментално здравје

Баш кога многумина од нас се чувствуваат како да сме го допреле врвот на уморот предизвикан од пандемијата, почнуваме да се чувствуваме и преплавени од вести за можно воведување карантин и ограничувања на движењето, како што сте стабилизираат зимските месеци.. Згора на се`, јасно е дека се наоѓаме во екот на криза со менталното здравје, криза која сигурно ќе се зголеми во следните неколку месеци, пишува Леон Кај, одговорен уредник во бизнис порталот TriplePundit.

Оттука, постои истовремена пандемија што одвај сме успеале да ја квантифицираме и со која се` уште се бориме да ја разбереме. Со брутално ладната зима што не` очекува, и празници за време на кои ќе продолжиме да бидеме одвоени од оние кои ги сакаме, како и болното сеќавање на членови на семејството и пријатели кои сме ги загубиле, пристапот до нега за менталното здравје сега е клучен.

Потребни се повеќе напори за да се справиме и со предизвиците на менталното здравје

Сепак, пристапот до услугите за ментално здравје се` уште им е недостапен на голем број Американци. Ова делумно се должи на постојаната стигма, иако барем во популарната култура менталното здравје се дискутира со повеќе емпатија отколку со потсмевот што беше типичен третман во минатото.

Голем број компании се` уште мака мачат да се справат со потребите на работната сила приморана да работи од дома. Други компании каде поголемиот дел од работниците се незаменливи а се на платен список сега се соочуваат со предизвикот да ги одржуваат тие луѓе здрави. Другата опција е да се впуштат во гимнастички вежби со односите со јавност за да одржат привид дека се` е во ред со нивните вработени.

Доказите покажуваат дека исходот за голем дел од работниците во САД е мрачен. Минатиот месец, глобалната фирма за вработување Роберт Халф откри во анкета дека повеќе од една третина од вработените професионалци чувствуваат дека се под поголем притисок сега отколку од пред една година.

Но за волја на вистина, има и компании што ги зголемуваат можностите за обезбедување услуги за ментално здравје. Најпрво, има важен праг што менаџментот и вработените треба да го преминат: способноста да бидат отворени во однос на проблемите со менталното здравје. Но голем број вработени се` уште не се чувствуваат удобно кога треба да ја отворат темата пред нивните претпоставени.

Позитивни примери

Повеќе компании почнуваат да делуваат во ова поле. Starbucks, кои веќе ги подобрија можностите за вработените во последните неколку години во овој поглед, најавија со почетокот на пандемијата дека ќе им понудат на нивните продавачи 20 сесии годишно со терапевт или обучувач за ментално здравје. Ако во последно време сте ги посетиле Starbucks, или кој било друг ресторан или малопродажно место, ќе сте можеле да видите зошто таква поддршка е добар почеток, особено во области каде има голем отпор кон мерките како што се одржување социјална дистанца и носење маски.

Други компании имаат малку поинаков пристап. Target и Salesforce нудат бесплатни ресурси за нивните вработени што можат да се најдат на интернет или се организирани во конкретни мобилни апликации. Одреден број фирми исто така ги елиминираат трошоците за партиципација за нега за ментално здравје, или пак нивните осигурителни компании се грижат за тој дел.

Компаниите што се` уште мислат дека стандардните пет посети годишно кај терапевт се доволни не само што заостануваат, туку исто така го испуштаат и ангажирањето на идните талентирани професионалци. Информацискиот портал за кариера Handshake неодамна откри дека 65% од анкетираните студенти изјавиле дека менталното здравје е приоритет за време на пандемијата, и повеќе од 60% кажале дека е важно работодавачите да обезбедуваат таков вид поддршка, сега, но и во периодот по пандемијата.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -