АETМ започна со градење на капацитети за раст на е-трговијата

Изминатите два дена беа целосно посветени на содржините од Дигиталниот самит, но во исто време и со иста цел – кон “Дигитална Македонија”, се случуваа и дводневните обуки за е-трговија која претставува интегрален дел од едно дигитално општество. Под името Жени во е-трговија, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија успешно ги реализираше дводневните обуки и тренинзи како дел од програмата која ја презентираа на прес-конференцијата пред неполн месец.

Обуките беа посетени од 30 претставници на компании и бизниси од Македонија коишто сакаат да ја унапредат е-трговијата во своите компании или едноставно да научат повеќе за истата. Учесничките имаа прилика да соберат нови знаења за голем број на аспекти во е-трговијата распределени во 13 предавања и 2 работилници коишто ги покрија 16 говорници, сите искусни во своите области. Благодарение на поддршката од Швајцарската Програма за претприемнишво (SwissEP) учесниците имаа можност да слушнат и интернационални искуства од петте претприемачи кои доаѓаа од Обединетото Кралство и САД.

Дел од темите кои што се најдоа во сеопфатната агенда беа: развојот на е-трговијата во Македонија, плаќања во е-трговија, испорака кон дома и надвор, правна регулатива, дигитален маркетинг, email маркетинг, growth hacking, платено рекламирање на Facebook и Instagram, можности за жени во е-трговија и др. Дополнително четири говорници ги презентираа своите успешни приказни во 4 различни индустрии (групни попусти, едукација, малопродажба и супермаркет), предизвиците со коишто се соочиле и како ги надминале.

“Овие обуки покажаа дека на македонските компании им недостасуваат вакви едукативни настани каде покрај тоа што собирираат нови знаења, имаат можност и да разменат искуства и предизвици со коишто се соочуваат, да видат како другите се справуваат со истите и кои се најдобрите практики кои може да ги применат во своите компании. Особено не радува отвореноста којашто ја покажаа сите учесници преку плодната дискусија и активното учество. Нашата цел е да ја унапредиме е-трговијата во Македонија и да креираме поволна клима за нејзин раст, а еден од начините за да го направиме тоа е токму едукацијата која ќе помогне во градења на капацитетите и зголемување на понудата во е-трговијата на пазарот којашто е клучна за раст на индустријата.” – вели Д-р Нина Ангеловска, косопственик и директор на Grouper.mk и Претседател на АЕТМ.

АЕТМ започна со работа во декември 2017, а веќе има 32 членки кои заеднички ќе работат и застапуваат за создавање поволна клима за развој на електронската трговија во Македонија. Во неполни 4 месеци работа асоцијацијата ја формираше својата програма за 2018 година, го одржа своето прво Собрание, организираше прес конференција, гостуваше во голем број емисии и настани кревајќи ја свеста за е-трговијата, објави податоци за е-трговијата во Македонија како дел од сеопфатната анализа за состојбата со е-трговијата во Македонија која е во процес на изработка, ги организираше првите едукативни тренинзи под името Ladies in eCommerce, и оствари контакти и размени искуства за соработки со повеќе асоцијации од други земји.

Сите компании кои сакаат да се придружат на АЕТМ може да се информираат повеќе на  ecommerce.mk и да ги следат активностите на нивната Facebook фан страна.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -