Анкета: во време на пандемија трошењето на храна е најголемата утеха

Речиси една година по карантините наметнати од Ковид-19 во САД, Американците  размислуваат како пандемијата влијаела на нивните потрошувачки навики. Според скорашна анкета спроведена од страна на The Balance (веб портал што ги организира и олеснува финансиските текови на потрошувачите), 59% од Американците велат дека пандемијата го променила начинот на кој ги трошат парите, пишува експертот за финансии Елана Дуре.

Анкетата исто така открива дека 52% од 1000 Американците кои го одговориле прашалникот ценат дека за време на пандемијата најголемиот дел од парите ги потрошиле на намирници (со исклучок на киријата или ратите за хипотекарен кредит). Имено, секој испитаник во анкетата ги менаџира сопствените лични финансии и има барем една финансиска сметка – кредит или заштеда.

Поконкретно, половина од испитаниците (50%) потрошиле повеќе пари на намирници во текот на последните 12 месеци отколку во минатата година, додека повеќе од една третина (37%), потрошиле повеќе на средства за чистење, а 15% потрошиле повеќе пари на лекови.

„Трката да се купат средства за чистење е поголема од нашата колективна желба да одбегнеме сериозно заразен вирус,“  вели Мелани Берлие, генерален директор и виш потпретседател во The Spruce. „Исто така станува збор и за одржување на убава средина па затоа трошиме толку многу повеќе време дома“.

Од друга страна, оваа година речиси една четвртина Американци трошеле помалку пари во ресторани, додека една петина потрошиле помалку на алишта, а 8% потрошиле помалку на козметика и нега за кожа.

Повеќето потрошиле и до 500 долари на утешителни производи

Некои купувања се резултат на емотивно трошење пари кое е последица на начинот на кој Американците се обидуваат да се носат со пандемијата, покажува анкетата. Повеќе од половина од сите Американци (56%) велат дека купиле барем еден утешителен производ во текот на пандемијата, додека 58% од нив се изјасниле дека производот што го купиле чинел 500 долари или помалку.

Околу 53% од испитаниците кои велат дека купиле еден утешителен производ кажале дека тој бил поврзан со храна, вклучувајќи и намирници, план за оброци/претплата на услуги за достава на храна, или ресторани. Најчесто родителите се тие кои пријавиле план за оброци како утешителен производ (22% родители наспроти 10% кои не биле родители) и најретко родителите биле тие кои навеле дека намирниците се утешителен производ (32% наспроти 42% за лицата кои не се родители).

„Кога чувствуваме паника, ќе направиме речиси се` за да си олесниме,“ вели Ејми Морин, одговорен уредник во Verywell Mind и лиценциран клинички социјален работник. „Луѓето често пати посегнуваат по храна бидејќи им обезбедува чувство на утеха“.

Но храната не е единствената која ни нуди утеха. Претплата за услуга за достава на оброци може дури и да ве натера да почувствувате дека добро се грижите за себе, додава Морин.

„Голем дел од здравите вештини за справување со проблеми се отргнати,“ објаснува Морин. „Кога луѓето повеќе не можеа да одат во теретана или да се гледаат со нивните пријатели, тие посегнаа по што и да е тоа што ги прави да се чувствуваат подобро додека се внатре во нивните домови“.

Други популарни утешителни производи вклучуваат алкохол, средства за чистење, домашни миленици и намирници за нив, и стриминг услуги.

„Милениците се одлични придружници, така што не изненадува фактот што луѓето бараат миленици во време кога сме охрабрувани да не се социјализираме еден со друг,“ вели Берлие. „Милениците можат исто така да ни вбризгаат и чувство на цел бидејќи бараат редовна нега и грижа“.

Конфликт и вина поради трошењето за време на пандемија

Не изненадува фактот што Американците имаат помешани чувства за нивните сегашни потрошувачки навики. Речиси една петина од Американците рекле дека посакуваат да имаат потрошено повеќе пари на намирници, додека слична бројка испитаници кажале дека посакуваат да имаат потрошено помалку пари на нив. Слично на ова, речиси еднаков процент Американци посакуваат да имаат потрошено повеќе и помалку на средства за чистење, електроника и технологија, и алишта/чевли.

Дополнително, Американците жалат што не потрошиле повеќе пари на обезбедување грижа за други. Петнаесет проценти од испитаниците рекле дека посакуваат да купеле повеќе подароци или да дале повеќе донации за време на пандемијата, додека 13% кажале дека би сакале да одвојат повеќе пари за миленици и намирници за нив.

Од друга страна, некои Американци посакуваат да имаат потрошено помалку пари на неопходни работи како животни трошоци и лекарства, додека други се изјасниле дека би било добро да потрошеле помалку на алкохол и стриминг услуги.

„Луѓето често пати се чувствуваат лошо кога трошат пари на работи што не им се потребни,“ вели Морин. „Можеби размислуваат за тоа како некои луѓе немаат доволно, а тие тукушто фрлиле пари на премногу дополнителни работи. Други пак чувствуваат вина поради тоа што немаат доволно пари да ги покријат сметките или се чувствуваат лошо поради тоа што нивниот партнер работи многу за да заработи пари што тукушто ги потрошиле“.

Морин вели дека е важно да сме свесни и да ги прифатиме овие чувства, наместо да ги потиснуваме.

„Учете од вашето искуство и создадете план како да ви биде подобро во иднина. Но не се впуштајте во отровна игра на себе-окривување. Тоа може да има лоши последици за вашето ментално здравје“.

Луѓето се подготвени да трошат по ресторани и на патувања

Кога пандемијата ќе заврши, Американците планираат да трошат на работи што не можеле да ги прават или немале потреба да ги прават во текот на изминатата година. Дваесет и осум проценти од Американците кажале дека ќе трошат по ресторани, 27% на патување, додека 20% од нив кажале дека ќе трошат повеќе пари на алишта и чевли.

Додека четири од петте најчести потрошувачки причини се идентични во целата земја, петта работа зависи од регионот. На Средниот запад, 14% од испитаниците планираат да потрошат пари на возила, додека 15% од жителите на Североистокот се надеваат дека ќе трошат на електронски апарати и технологија. На Запад, 15% од испитаниците кажале дека ќе трошат на подобрување на домот кога ќе заврши пандемијата, додека 14% од Јужњаците планираат да трошат на повеќе средства за чистење.

Што се однесува до купувачките навики што ќе опстојат, Американците велат дека најверојатно ќе продолжат да трошат повеќе на намирници, средства за чистење и лекарства.

Извор: thebalance.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Стартап компаниите треба да научат да лобираат

Стартап фирми се` повеќе заглавуваат во некои строго регулирани индустрии, и крајно време е да почнат да ги сфаќаат тие одредби сериозно....
- Advertisment -