Ангела Меркел отворено ја кажува вистината – двајца од тројца Германци се потенцијални жртви на коронавирус

„Вирусот стигна во Европа, тој е тука. Сите треба да го разбереме тоа “, рече Ангела Меркел на почетокот на својата прес-конференција. Сё додека нема серум или други опции за третман, голем број на луѓе ќе бидат заразени со вирусот на корона. Експертите проценуваат дека тоа ќе биде од 60 до 70 проценти од граѓаните. „Постарите и болните се особено изложени на ризик и затоа третманот мора да биде таков здравствениот систем не се преоптовари“, рече Меркел.

Поврзано:

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, е позната по тоа што секогаш со јавноста ја комуницира вистината, колку и таа да не е убава за слушање. Корона вирусот и сериозните последици не се исклучок од ова нејзино правило.  

Германскиот лидер, Ангела Меркел изнесе некои ладни но вистинити факти за коронавирусот на начин на кој ретко кој друг висок државник ги има презентирано.

Повеќе од половина нација ќе се зарази со коронавирус

„Двајца од тројца германци можат да бидат инфицирани, сега нема ниту имунитет ниту вакцини со кои би се бореле против вирусот. Се шири експоненцијално, и светот се соочува со пандемија.“- вели канцеларката.

Таа додаде дека најважниот чекор кој може да го преземеме е да го забавиме ширењето на вирусот за да се добие на време и за да можат луѓето да развијат имунитет, со тоа да се одбегнува можност здравствениот систем да се преоптовари со пациенти и да не може да ја пружи потребната медицинска грижа.

„Треба да сме свесни дека голем дел од луѓето ќе бидат инфицирани“ потенцираше Меркел.  „Консензусот помеѓу експертите е дека 60 до 70% од популацијата ќе биде инфицирана, со ова темпо на развивање на ситуацијата“

Ангела Меркел

Меркел зборуваше и за самитот на ЕУ, кој за првпат се одржа како видео конференција поради ширењето на заразата. Таа рече дека тесната координација со партнерите во Европа сега е особено важна. Затоа, Европската комисија ќе формира експертска група составена од вирулоз и дека земјите на ЕУ исто така ќе ги поддржат истражувањата за вакцина. Владата во Берлин ќе издвои нешто помалку од милијарда евра за борба против коронарниот вирус. На ова треба да се додадат 145 милиони евра издвоени од страна на Германија за истражувачкиот сојуз ЦЕПИ, интернационална иницијатива за истражување на средства за имунизација.

Проверени информации и контрола на ситуацијата

Таа потенцираше дека информациите кои ги споделува доаѓаат од доктори и научници, и дека на основа на овие информации од експертите се донесуваат одлуките од страна на властите. Нејзиниот говор не содржеше големи ветувања и експресни решенија, туку главна цел на истиот е да ја зголеми свесноста и да ја соопшти реалноста за ситуацијата. Дополнително, Меркел имаше за цел да го поттикне народот да внимава каде се движи, да ги почитува рестрикциите поставени од властите и со тоа да придонесе до заедничкото добро на државата и светот.

Канцеларката е во постојана консултација со министерот за здравство на Германија и научници кои го следат вирусот од кога тој првпат се појави во областа на Баварија во јануари.

Изјавата на Меркел се случи откако беа потврдените три смртни случаи од 1,296 заразени лица во Германија

Ангела Меркел

Вирусот исто така ќе остави белег на економијата, рече Меркел. Германската влада, забележува таа, дејствувала брзо и ќе продолжи да обезбедува финансиска помош за бизнисите оваа недела, особено преку државната банка за обнова и развој. Шефовите на држави и влади на ЕУ се согласиле „флексибилно“ да ги третираат Пактот за стабилност и развој и правилата за финансиска помош.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -