Ангажирањето хонорарни професионалци ќе и` помогне на вашата стартап компанија да расте

Индустријата на хонорарни работници во Европа, во последните неколку години, достигна небесни височини. Во моментов, околу 11 милиони лица работат во хонорарната економија, пишува Конор Билбо за порталот Sifted, посветен на развојот на стартап екосистемот во Европа.

Меѓу водечките земји каде професионалците градат кариера со хонорарна работа се Франција, Германија и Шпанија, а од нив, 52% имаат магистерска диплома и пет или повеќе години професионално искуство.

Како резултат на овој тренд, се` повеќе бизниси почнуваат да се интересираат за ангажирање на најспособните хонорарни работници. Според една анкета, спроведена од страна на глобалната платформа за хонорарни работници – Fiverr во 2000 бизниси, 52% од нив истакнале дека распределуваат поголеми буџети за хонорарни услуги. Маркетинг, ИТ и технологија и бизнис консултации се рангираат меѓу најчестите професии на пазарот на хонорарни услуги.

Стартап компаниите, особено оние во рана фаза на развој, можат да ја искористат оваа предност на талентирани професионалци кои се бават со области како што се развивање веб страници, графички дизајн, копирајтинг и други, со цел да ги завршат проектите и да ги развијат нивните бизниси.

Во продолжение се наведени неколку причини зошто стартап фирми треба да размислуваат да ангажираат хонорарни професионалци:

Хонорарните работници брзо се фаќаат за работа

Голем дел од животот на една стартап компанија е динамична работна средина и брзи промени, а хонорарните работници се добро подготвени за ова. Вообичаено, многу побрзо можете да најдете хонорарен професионалец отколку да ангажирате лице со полно работно време, благодарение на платформите како Fiverr, што ви овозможуваат да го пронајдете професионалецот кој ги поседува вештините што вам ви се потребни, од софтверски инженери до графички дизајнери.

Бидејќи хонорарните професионалци доаѓаат со потребните вештини да се сработи работата, што не е случај со голем број вработени на полно работно време, тие ќе поминат помалку време во обука а повеќе во работа.

Хонорарните работници помагаат во намалување на притисокот на стартапите

Основачите на бизниси можат да го намалат притисокот што го чувствуваат тие и нивните тимови со тоа што ќе ангажираат талент по потреба на клучни проекти. Хонорарците можат да работат на проекти како што се оптимизирање на пребарувачкиот мотор или создавање дигитални реклами или огласи, што им дозволува на основачите да се фокусираат на растот на нивниот бизнис.

Хонорарните работници исто така можат да им помогнат на стартап фирмите да ја зголемат нивната продуктивност и раст со работа на далечина во различни временски зони. Додека спиете, вашите колеги хонорарци можат да ги сработат работите на далечина.

Стартапите можат да заштедат ако ангажираат хонорарци

Вработените со полно работно време се поскапи од хонорарците. Кога ангажирате хонорарни професионалци, не треба да плаќате за работи како што се здравствено осигурување, боледување или компензации за вработените. Исто така, имате контрола врз периодот во кој ви се потребни хонорарните професионалци.

Поголемиот број хонорарци се сезонски работници на далечина, дури и кога нема светска пандемија. Ова може да ви помогне да ги намалите трошоците поврзани со канцеларискиот простор или опремата за работа како што се лаптопи, бидејќи повеќето хонорарни работници веќе ги имаат.

Парите што ќе ги заштедите со ангажирањето на хонорарни професионалци ќе ви помогне да инвестирате во други области на бизнисот, како на пример во маркетинг.

Постојат одлични алатки за продуктивна работа со хонорарци

Сега е многу лесно да се работи со хонорарни професионалци, благодарение на деловните алатки.

Платформите како Fiverr Business им помагаат на стартап компаниите да остварат соработка со талентирани професионалци според нивните барања од целиот свет, без разлика дали ви е потребен маркетер, софтверски аналитичар или некој друг. Можете да соработувате со хонорарните професионалци на платформата преку бура на идеи, да споделувате информации за вашите проекти, или да ги управувате буџетите за да можете да правите планови однапред.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -