Ако им помогнеме, новите мајки можат да ја пополнат родовата празнина во претприемништвото

Поправање на празнината во рододовата разноликост? Потребен е фокус на поддршката на жените претприемачи кои започнуваат семејство.

Секако, постојат менторски програми, инкубатори со фокус на нежни, книги и аудио програми кои можат да помогнат. Но, што станува со воведувањето политики за поддршка на родителите за да можат навистина да основаат компании и да ги растат, со цел да се намали нееднаквоста во претприемништвото – прашањето го поставува Андреа Иполито, основачката на SimpliFed и лидер во претприемништвото и здравствената технологија. Таа исто така ја води програмата за жени претприемачи на Универзитетот Корнел.  

Дали знаете дека просечниот основач на стартап компанија е во раните 40ти? И зошто повеќето од нив се мажи? Бидејќи додека идниот претприемач стекне искуство, изгради експертиза, заштеди доволно, тие се токму во периодот од животот кога треба да размислуваат за воспитувањето на децата. И, ајде да го нарекуваме тој период „време за бебе“, кога доаѓаат нови избори што жените треба да ги направат.

Жените не треба да ги прават истите избори како мажите кога одлучуваат кога да започнат сопствено семејство, без разлика што имате да кажете на темата, инсистира Иполито.

Како го знам тоа? Бидејќи во моментов го правам тоа како основач на компанија и родител на 3-годишно дете и 3-неделно бебе, и ненормално тешко е. За да ви докажам ќе ви кажам дека навистина го пишувам ова на старомодниот начин, на светлината на мојот мобилен телефон на Гугл документ додека ја ранам ќерка ми во 4 часот наутро.

Стартап компании основани од жени не се само добра практика, туку тие и произведуваат подобри финансиски резултати.  Pitchbook/All Raise и BCG веќе имаат спроведено истражувања: инвестирањето во жени не е само филантропија, туку тоа претставува и сериозна смисла за бизнис. Знаеме дека диверзитетот во рамките на една организација се поврзува со повеќе иновации, подобри процеси на носење одлуки, повисоки приходи за инвестираните пари и подобри финансиски поврати.

Како некој кој работи со некои од најбрилијантните студенти претприемачи преку програмата за жени претприемачи на Корнел, знам дека не е точно дека жените на факултет или тие кои завршиле студии не можат да бидат претприемачи (напротив, тоа е сосема друга тема), но важно е да се запомни дека се зголемуваат шансите за успех кога имате некој со искуство, пристап до клиенти, мрежи, капитал и самодоверба да се носите со предизвиците.

Сепак, проблемот е што нема доволно политики и воспоставени системи за да помогнат во поддршката на жените кои сакаат да бидат претприемачи кога ќе почнат да имаат деца, така што реалноста е дека жените не добиваат шанса да ја надминат почетната борба поврзана со основањето на компанија.

Предзивиците за жените претприемачи

Следете ме:

Бременоста не е магично време за повеќето луѓе. Секако не се случува преку ноќ. Мене ми беше потребно повеќе од година и пол да забременам со второто дете, а во меѓувреме го изгубив детето рано во бременоста за мојот роденден додека се обидував да ја основам нашата компанија. На кој животен настан еден претприемач би требало да се фокусира?

Кога конечно забременив бев многу возбудена, но тоа е период на маки. Во првото тримесечје се соочувате со мачнина и болка, дополнително на хаосот со другото дете, ако го имате. Секогаш ќе се сеќавам како хаотично ја оставам ќерка ми во градинка, токму на време за важен состанок и како набрзина повраќам позади мојата кола. Мажите колеги имаат голема предност: сон, кофеин и недостаток на мачнина.

Иако вториот семестар е полесен, третиот триместар е брутален. Без разлика колку некој ви пружа поддршка, доказите покажуваат дека постои огромна несвесна пристрасност во овој период. Сум „пичирала“ пред инвеститори огромна и бремена и со страв дека нема да успеам да постигнам договор. Сакав да ги придобијам додека се трудев да им го тргнам вниманието од мојот стомак. Последните три или четири недели од бременоста се хаос: не знаете кога точно ќе пристигне бебето и физички не се чувствувате удобно. Кај основање стартап компании, три или четири недели се како цел век бидејќи секој ден е важен.

Кога бебето конечно ќе пристигне тогаш почнува периодот кога општеството најмногу ги разочарува жените претприемачи. Како по ѓаволите би требало да се справиме со ова? Сакате да одите на породилно отсуство, но тоа е невозможно кога сте во процес на основање мала стартап компанија. Во САД ни е потребно политика за платено отсуство на федерално ниво што ќе помогне да се покријат некои од трошоците за да можат претприемачите да си ги дозволат привремените дупки а притоа да не ги користат парите добиени од инвеститорите.

Предности

Има огромни позитивни страни за започнување компанија како тазе родител, а голем број вработени на традиционални позиции само сонуваат за тие предности. Како основач на стартап компанија вие сте: сам свој газда, самите го правите распоредот, можете да работите од каде што сакате, ја следите личната страст за работата и вршите влијание: жените се повеќе способни да водат бизнис чија цел е решавање одредени општествени проблеми.

Сите овие улоги им дозволуваат на жените да се вратат на работа онака како што тие мислат дека е соодветно и исто така да ја растат сопствената компанија за да создадат работни места, а потоа да им вратат на тие семејства што го креираат растот на нашата економија, население и работна сила.

САД заслужува повеќе, би требало да направи повеќе и може да направи повеќе. Ајде да ги поддржиме жените и бебињата со платено родителско отсуство и универзална поддршка за детска нега.

Ако сакаме да го зголемиме бројот на жени претприемачи, ова е начинот на кој треба да се направи тоа. Ако сакаме да се справиме со големи општествени прашања со поголем финансиски успех и работни места потребни за економијата на нацијата. Ајде подобро да ги поддржиме и да ја искористиме предноста што ја нуди половината од нашата популација.

Извор: news.crunchbase.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -