Брендовите го адаптираат својот бизнис за да можат соодветно да одговорат на потребите на потрошувачите за време на коронавирусот

Sequois Capital- најголемата фирма за ризичен капитал во Силиконската Долина го прогласи коронавирусот за „црниот лебед на 2020“. Редок, непредвиден настан кој носи големи последици. Голем број бизниси кои се директно погодени од вирусот, сигурно би се согласиле со оваа изјава пишува Арон Брукс за порталот Dynamic Business.

Поврзано:

Индустриите кои се занимаваат со патувања и организација на настани, најмногу го почуствуваа стравот и карантинот бидејќи своите потрошувачи кои ги откажувуваат веќе договорените зделки. Фирмите чијшто ланец на снабдување со производи е поврзан со Кина исто така во голема мера ги почувствуваа последиците од вирусот, многу порано од останатите компании, и се соочуваат со недостаток на производи и пад на количеството на резерви. Некои компании пак, се во одлична позиција да ја искористат својата предност и да имаат придобивка од промените на навиките на потрошувачите.

адаптирање

Брендовите како Amazon и Netflix кои ги опслужуваат своите клиенти во удобноста на нивниот дом, имаат голем пораст на бројот на корисници. Ова се темели на зголеменото користење на медиумите и купувањето онлајн, коипак се резултат на карантинот кој во Кина е спроведен уште од пред некоја недела, а од минатата се спроведува и ширум Европа и САД. Покрај нив платформите за видео конференции како Зоом ја зголемија својата популарност, благодарение на компаниите кои се обидуваат максимално да се адаптираат и да не изгубат од продуктивноста на нивните вработени при работа од дома. Покрај овие платформи не заостануваат ни онлајн фитнес компаниите кои преку апликации и видеа ги одржуваат во форма своите клиенти, и имаат голем број нови клиенти кои немаат пристап до теретаните или просторот каде што вежбаат. 

Бидејќи ситуацијата е чуствителна и брендовите не сакаат да оддаваат слика на „профитери“ во време на кризна ситуација, нивните маркетинг стратегии се приспособуваат за да се приближат до потрошувачите, но во исто време овие напори да не изгледаат дека единствена цел на овие компании е брзиот профит.

Со промена на начинот на кој клиентите пристапуваат до производите, брендовите мораат брзо и ефикасно да се адаптираат на новиот тренд на целосно онлајн опслужување. Да го цитираме Дарвин и неговата теорија за еволуција, која важи и во светот на бизнисот- „ Не преживуваат најсилните, ниту најинтелегентните, туку оние кои најдобро се адаптираат на промена“.

Флексибилни маркетинг одлуки

Автомобилската индустрија е една од првите кои се прилагодија на промените и ги преместија своите изложбени салони на социјалните медиуми. Во Кина, Mercedez Benz спроведе кампања на апликацијата WeChat, која им овозможува на своите корисници да ја разгледаат целосната внатрешност на автомобилот. Со помош на преглед од 360 степени, тие спроведоа кампања за промоција на моделот GLB SUV. Додека пак автогрупацијата Geely, започна со нова услуга со која им овозможува на клиентите да ги погледнат автомобилите што ги нудат, и да ја купат посакуваната кола онлајн, а истата да им биде доставена до нивниот дом.

Поради карантинот, ноќниот живот во градовите претрпува „тивок“ период, но Absolut Nights, бренд поврзан со Absolut Vodka, пронајде нов начин да ги забавува своите посетители. Со пренос на „настани“ во живо на кои музика пуштаат познати локални музичари, преку својата апликација Douyin (која функционира исто како познатата апликација TikTok), секој може ужива во настанот од својот дом. Овој тренд ги зафаќа голем број од светските познати диџеј мајстори кои се вклучуваат во оваа иницијатива со цел да ги поддржат луѓето да останат дома и да бидат безбедни, и во исто време да останат актуелни.

адаптирање

Фитнес брендовите како Nike ја користат социјалната мрежа TikTok, на која поставуваат видеа од вежби и покажуваат различни начини со кои може да се замени фитнес опремата од теретана со предмети кои можеме да ги најдеме во нашиот дом. Покрај овие брендови, фитнес апликациите чија таргет група се луѓе кои вежбаат во своите домови имаат голем пораст на корисници.

Во меѓувреме, брендот Lush во Велика Британија, спроведе кампања со која ги поттикнува луѓето да ги мијат своите раце во нивните продавници со користење на нивните продукти бесплатно. Оваа кампања ја промовираа со постери на кои не го споменуваат коронавирусот, но имаат за цел да ја подигнат свесноста кај луѓето да ги следат мерките за претпазливост поставени од Светската Здраствена Организација.

адаптирање
Сликата е преземена од bristolpost.co.uk

Потреба за промена на содржината

Успешните брендови се адаптираат брзо на промените на приоритетите и животниот стил на своите потрошувачи. Тие ги услужуваат своите клиенти во изолација со услуги кои го прават нивниот живот полесен, позабавен и побезбеден, следејќи ги мерките за претпазливост поставени од СЗО.

Во Кина, Weibo (кинеска платформа за блогирање) имала пораст на корисници за 31%, додека Douyin (кинеска платформа која е еквивалент на TikTok) доживеала пораст од 102%. Адаптирање на содржината  е од голема важност. Статистиките покажуваат дека иако купувањето на продукти за убавина има пад од 30%, времето кое луѓето го поминуваат гледајќи видеа на кои се користат продуктите за убавина е зголемено до 300%.

адаптирање

Иако поголем број од овие трендови се во Кина, со брзото одвивање на настаните и зголемување на бројот на држави кои го користат карантинот како мерка за намалување на бројот на заболени лица од вирусот, се очекува голем број од бизнисите низ Европа и САД да започнат со приспособување на својата содржина, и на начинот на кој клиентите ќе можат да пристапат до нивните услуги. Целта на адаптацијата е да останат актуелни, да не доживеат пад на нивниот бизнис и да останат верни на своите потрошувачи со тоа што ќе им го олеснат овој кризен период.

Можеме да заклучиме дека потрошувачите продолжуваат со користење и купување голем број на производи и услуги! Доколку вашиот бизнис се адаптира на промената на начинот на кој вашите клиенти ги трошат своето време и пари, и притоа успеете да им го олесните животот во овој кризен период, вашиот бизнис ќе ја освои нивната лојалност. Бидете сигурни дека кога ќе заврши карантинот, и мерките за заштита ќе се повлечат, тие ќе се вратат кај вас!

Преземено од: Dynamic Business

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -