Агенцијата Марили ги врачи признанијата на најуспешните жени менаџери за 2017

Агенцијата Марили вчера свечено ги додели признанијата на 10-те најуспешни жени менаџери за 2017 година во Република Македонија. Во присуство на голем број гости, соработници, пријатели, десет бизнисменки од успешни компании од различни области и дејности од целата држава, имаа можност накратко да ги раскажат сопствените професионални приказни од своите работни, но и општествени средини каде што жената менаџер е добро прифатена.

“Годинешните лауреатки кои доаѓаат од успешни компании од различни области и дејности од целата држава треба да бидат поттик за младите генерации жени кои се едуцирани и влегуваат во бизнис водите за да остваруваат високи резултати на менаџерски и лидерски позиции“, рече Лидија Трипуновска, генерален менаџер на Марили, во обраќањето на свеченоста.

Годинашната Топ 10-ка ја сочинуваат: Александра Аргир, менаџер за човечки ресурси во Пивара Скопје АД, Горица Дачевска, генерален менаџер, ПЗУ Д-р Горица – Скопје, Ирена Јакимовска, генерален менаџер КОМФИ АНГЕЛ ДОО-Прилеп, Пенка Мукаетова, генерален менаџер КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП-Кавадарци, Јана Јанеска Ристески-генерален менаџер Центар за современа уметност-Прилеп, Слаѓана Стаменкова, генерален менаџер ЕЛИТ ТРАВЕЛ-Скопје, Наташа Стојковска, директор на набавка и логистика Витаминка-Прилеп, Елена Табаковска, директор ФАРМАГЕН увоз-извоз ДООЕЛ-Скопје, Лидија Таскова-Попова, генерален менаџер ЕСП-Развој и управување со човечки ресурси-Скопје и м-р Магдалена Трајковска Трпевска, генерален менаџер ТЕХНОЛАБ ДОО-Скопје.

Марили 22-ра година по ред го органзиира традиционалниот избор на 10 најуспешни жени менаџери од Република Македонија.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -