Агенцијата за странски инвестиции бара локации за гринфилд и браунфилд инвестиции

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ одржа работен состанок со претставници на општините и компании од Пелагонискиот плански регион, на кој ја презентираше иницијативата за нивно активно ангажирање со цел обезбедување нови можности за заинтересираните инвеститори, како и забрзување на постапките за реализација на нови инвестиции.

Се бараат локации за гринфилд и браунфилд инвестиции

Директорот на агенцијата Дејан Павлески побара од претставниците на локалната самоуправа да направат ревизија на нивните планови и да идентификуваат локации што може да се понудат на заинтересирани инвеститори за гринфилд инвестиции.

Дополнително, тој ги повика и стопанствениците кои имаат неискористени објекти да и` ги понудат на агенцијата која потоа ќе ги понуди на заинтересирани инвеститори кои бараат локации и можности за браунфилд инвестиции.

Исто така, агенцијата е подготвена да ги фасцилитира процесите и интеракциите на општините со други државни институции, како би се забрзало добивањето на сите потребни одобренија за инвеститорите.

Привлекување странски инвестиции преку повеќе мерки

На состанокот, стопанствениците се запознаа со можностите што ги нудат трите портали развиени од страна на агенцијата. Станува збор за портал кој овозможува странските инвеститори да пронајдат, да стапат во контакт и да обезбедат домашни добавувачи, портал на кој е претставена извозната понуда на македонските компании и портал за браунфилд инвестиции на кој заинтересираните инвеститори можат да пронајдат и да упатат барање за расположлива конкретна локација.

На презентацијата беа претставени и мерките за унапредување на индустриската политика и за поттикнување на инвестициите кои се нудат преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Агенцијата овие настани ги смета за клучни во вмрежување на компаниите од регионите, идентификување на полињата за соработка и начините на кои агенцијата може да им помогне да бидат уште поконкурентни.

Извор: biznisinfo.mk

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -